3 причини зошто не треба однапред да го дознаете полот на бебето

3 причини зошто не треба однапред да го дознаете полот на бебето

Веднаш штом им ја соопштите бременоста на вашите пријатели, првото прашање што на сите им паѓа на памет е: Машко или женско? Но, пред и самите да го откриете одговорот, ќе забележите дека сите луѓе околу вас имаат поделени мислења во врска со тоа дали треба или не треба да дознаете. Овие 3 причини ќе ви докажат зошто би требало да почекате и да не го дознавате полот на бебето однапред…

3 причини зошто не треба однапред да го дознаете полот на бебето

1. Можно е да бидете разочарани

Од моментот кога дознавте дека сте бремени, потајно се надевавте дека ќе биде девојче. Токму поради тоа, можно е да се разочарате ако откриете дека ќе родите момче. Но, доколку решите да почекате до пораѓањето и дури тогаш дознаете дека бебето е машко, ќе бидете помалку загрижени за полот и пофокусирани на малиот човек во вашите раце.

2. Ќе добиете повеќе неутрални подароци

Ако го дознаете полот на бебето, постои голема веројатност дека сите роднини и пријатели ќе ве опсипаат со розови подароци доколку е женско и со сини доколку е машко. Без разлика дали ви се допаѓа тоа или не, ако почекате со откривање на полот, луѓето ќе ви донесат подароци во сиви, жолти и понеутрални бои.

3. Ќе можете да се забавувате со изборот на името сѐ до самиот крај

Откако ќе го дознаете полот, веројатно веќе ќе знаете со сигурност какво име ќе му дадете на бебето. Но, доколку почекате до пораѓањето, забавата нема да заврши и заедно со сопругот ќе можете да одбирате имиња сѐ додека не дојде на свет малото човече.

Доколку очекувате бебе, а не знаете какво име да одберете, прочитајте ги овие 15 несекојдневни имиња за девојчиња и момчиња кои значат среќа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар