3 нешта кои мора да ги разберете за спротивниот пол

На многу начини, сите ние сме премногу слични. Но, кога станува збор за љубовните врски и за љубовта, мора да се признае дека мажите и жените се комплетна спротивност. Токму затоа мора да ги имате на ум овие разлики доколку сакате да изградите успешна врска…

3 нешта кои мора да ги разберете за спротивниот пол

3 нешта кои мажите мора да ги разберат за жените во врските

Конфликтот трае. Жените се многу почувствителни од мажите кога станува збор за конфликтите и проблемите кои настануваат во врските. Жените по караницата со партнерот, дури и по решавањето на самиот проблем, продолжуваат да размислуваат за целата ситуација во наредните неколку дена. Тие едноставно сакаат детално да ја анализираат. Од друга страна пак, мажите кога имаат конфликт со својата партнерка, откако тој ќе се реши, комплетно забораваат на целата работа.

Не ги поправајте нештата. Мажите мора да разберат дека кога жените имаат проблем и кога ќе го споделат со вас, тоа не значи дека бараат начин вие да им го решите. Мажите имаат тенденција да ги поправаат нештата кои сметаат дека жените не можат сами да ги средат. Но, баш напротив, на жените сè што им е потребно е да бидат сослушани и разбрани, а што се однесува до решението на проблемот, тие сакаат самите да го пронајдат.

Жените се поврзуваат преку разговор. Жените се поврзуваат и се чувствуваат многу поблиски до другите луѓе преку разговорите и споделувањето на лични информации. Времето поминато во разговор им делува терапевтски. Токму затоа ако сакате жена да ве чувствува за близок, мора да ѝ дозволите да се отвори, но треба и вие да го сторите истото со неа. Повеќето мажи се поврзуваат преку различни активности (спорт, покер…), но кај жените најмногу помага разговорот.

3 нешта кои жените мора да ги разберат за мажите во врските

Потребна им е афирмација од партнерката. Афирмацијата е степенот до кој сте направиле да се чувствува сакано, згрижено, ценето и посебно. Голем број студии покажале дека долгите врски се оние во кои мажите чувствуваат најмногу афирмација. Жените исто така имаат потреба некој да се грижи за нив, но тие имаат толку многу луѓе од кои го добиваат ова (сестрите, пријателите, мајките, па дури и соседите и колегите), додека пак, мажите најчесто наоѓаат афирмација само од својата партнерка.

Внимавајте што прават, не што зборуваат. Мажите повеќе покажуваат преку постапките отколку со зборовите. Тие имаат потешкотии при вербализирање на своите чувства, па токму затоа им е полесно доколку ви ги покажуваат преку одредени активности и гестови.

Разговорот може да биде проблем. Мажите не сакаат да бидат критикувани. И кога жените ќе предложат некаква промена во однос на врската или пак, во однос на нивното однесување, мажите го сфаќаат ова како критика. И покрај тоа што можеби жените имале само најдобра намера со предлогот, мажите ќе го сфатат тоа како проблем за кој тие се виновни. Токму затоа следниот пат кога ќе бидете во искушение да разговарате за вашата врска, прво фокусирајте се на неговите добри страни, па потоа спомнете ја темата за потребната промена.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар