3 начини да ја зачувате едноставноста кога животот станува комплициран

Живееме во ера на експлозија од информации. Од сите страни до нас допираат различни вести, слики, зборови… Поради тоа чувствуваме голема загуба на квалитетот на нашето време бидејќи постојано се обидуваме да го поделиме вниманието и да бидеме во тек со сите нешта нешта. Пред нас се компјутерите, смартфоните, телевизијата… Секојдневно имаме огромна листа на задачи кои треба да ги завршиме, а најмногу страда нашиот мозок, кој некогаш едноставно не може да се справи со толкав број информации.

(0) 3 начини да ја зачувате едноставноста кога животот станува комплициран

Затоа, мора да подзастанеме понекогаш и да размислиме на што го трошиме најчесто нашето внимание. Кога ќе се почувствувате исцрпено и ќе почнете да чувствувате дека животот ви станал премногу комплициран, при што повеќе значење давате на квантитетот, отколку на квалитетот, можете да преземете неколку едноставни чекори. Писателката и животниот тренер, Марта Бек, препорачува три начини преку кои ќе успеете да ја зачувате едноставноста во моментите кога ќе почувствувате дека животот станува премногу комплициран и полн со обврски.

1. Прифатете дека не можете сè да постигнете

(1) 3 начини да ја зачувате едноставноста кога животот станува комплициран

Едноставно прифатете дека не можете да го прочитате секој имејл, да одговорите на секој повик, да бидете дел од секој настан и да го комплетирате секој проект во предвидениот рок. Поедноставете си го животот со тоа што ќе го контролирате времето преку управување на вашето внимание. Поставете си приоритети и дајте сè од себе да ги исполните нив, а останатите работи, кои најчесто само ви го одвлекуваат вниманието, запишете ги најдолу во вашата листа на обврски.

2. Започнете го денот со чист план

(2) 3 начини да ја зачувате едноставноста кога животот станува комплициран

Бек препорачува секој ден да се започнува со чист план за тоа на што ќе го посветите вашето внимание. Во спротивно, вашето внимание може да се распрска на сите страни, а на крајот од денот да бидете сосема незадоволни затоа што не сте завршиле ниту една од поставените задачи и цели. Листата со приоритетни обврски мора да биде подготвена од вечер или рано наутро. Затоа, кога ги планирате обврските, замислете си слика во која ќе го визуализирате денот кој следува, како и блиската иднина за да имате точна претстава за тоа како би било најдобро да ги поставите обврските. Најважно е да почувствувате дека имате контрола над времето и дека можете да го организирате според вашите потреби.

3. Ослободете се од нештата кои ви го одвлекуваат вниманието

(3) 3 начини да ја зачувате едноставноста кога животот станува комплициран

Секогаш фокусирајте се директно и целосно на задачата пред вас. На тој начин, ќе успеете да се ослободите од нештата кои непотребно ви го одвлекуваат вниманието, а ќе почувствувате дека вашата концентрација се подобрува со текот на времето. Затоа, кога ќе почнете да работите една работа сосредоточете ги мислите единствено на таа работа, без телефоните и компјутерите околу вас, кои се најголемите одвлекувачи на вниманието.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар