3 моќни чекори во процесот на откажување од лошите навики

3 моќни чекори во процесот на откажување од лошите навики

Светот постојано подложи на промени кои директно или индиректно влијаат на нас. Ние, како дел од овој свет, сакале или не, сме приморани да најдеме начин да функционираме со тие промени. Навика, особина или став – откако тие ќе престанат да функционираат за нас, ние мора да преземеме чекори кон нивно менување, давајќи си себеси можност да стекнеме нови и подобри навики, особини и ставови. Секој човек има дел од себе со кој не се гордее или не му се допаѓа. Одлуката да се смени нешто, особено кога тоа нешто е веќе преминато во навика, е многу тешко изводлива. Но следниве чекори можат малку да ја олеснат таа задача.

3-moknji-chekori-vo-procesot-na-otkazhuvanje-od-loshite-naviki-kafepauza.mk

1. Посакајте

Посакајте поубаво за себе. Посакајте убав, здрав и среќен живот. Посакајте да можете да се сакате повеќе себеси, посакајте да бидете поуспешни и подобри личности. Посакајте да се откажете од лошите навики и да ослободите место и простор за оние добрите. Велат дека кога се сака сѐ е можно. Иако звучи премногу добро за да биде вистина, факт е дека желбата може да ве одведе многу далеку во вашите намери. Желбата да смените нешто може да ве насочи кон конечното менување на тоа нешто. Лоша особина или навика – станува збор за нешто што навистина не ви се допаѓа во врска со себе и затоа доволно е да постои голема желба да го промените за да почнете да дејствувате во таа насока. Свесни сте, знаете зошто и ја посакувате таа промена. Вие го можете тоа.

2. Згадете се

Гадењето скоро никогаш не се поистоветува со убави работи. Во најголем број случаи не се ни однесува на нешто убаво. Но кога станува збор за лошите навики, гадењето може да биде и те како од корист. Штом станува збор за лоша навика, сѐ што треба да направите е да најдете причина поради која ќе ви се згади од неа и едноставно да се држите до неа. Како знаете и умеете, пронајдете начин константно да се потсетувате на оваа причина поради која ви се гади бидејќи доволно е сликата од гадењето да ви се задржи во меморијата. Некогаш е навистина доста и редно време да се сопрете себеси.

3. Одлучете се

Одлучноста е одлика на луѓето со силен карактер. Тоа се луѓе кои цврсто стојат на земја и кои, свесни за својата одлука и причината која ја донеле, нема да отстапат од неа. Но факт е дека сите се способни да стојат зад своите одлуки ако и само ако доволно многу го сакаат тоа. Некогаш, тоа ќе бидат лесни одлуки, некогаш ќе ви треба повеќе време и храброст да ги донесете. Одлуката да се откажете од лошите навики би требало да е лесна, нели? Но, всушност не е така. Затоа, тука на сила стапува вашата одлучност да се придржувате до неа откако ќе ја донесете. И секој пат кога ќе се најдете во искушение да ја прекршите, направете нешто друго наместо тоа. Јавете се на пријател, излезете на прошетка, искажете/напишете ги своите емоции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар