3 ментални блокади кои ве спречуваат да го правите тоа што го сакате

3 ментални блокади кои ве спречуваат да го правите тоа што го сакате

Ние сме човечки суштества кои користат емоции покрај разум при донесувањето животни одлуки и општо при секојдневното функционирање. Некогаш сме под голем притисок поради обврските што ги наметнува брзиот начин на живот, но некогаш се соочуваме со внатрешни конфликти.

Лоши вести: Сите ние се соочуваме со ментални блокади кои можат да нè спречат во остварувањето на нашите цели.

Добри вести: Можеме да ги надминеме. Ќе ви покажеме како да го направите тоа според когнитивниот психолог Аманда Кровел.

3 ментални блокади кои ве спречуваат да го правите тоа што го сакате

Помислете на последниот пат кога рековте дека сакате да направите нешто. Можеби сакавте да се храните поздраво, да пишувате секој ден во вашиот дневник или да го исчистите вашиот дом од непотребните работи. Но, покрај искрената желба да го постигнете тоа што сте го наумиле, вие не преземавте ништо. Зошто е тоа така?

Можеби ќе си помислите дека е тоа поради мрзеливост или недостаток на волја. Когнитивниот психолог Аманда Кровел има поинакво име за овој феномен – дефанзивно откажување.

Кровел дава пример преку кој го илустрира сопствениот живот. Растејќи таа го мразела вежбањето. Велела дека „ќе трча само кога би ја бркала мечка и никогаш друг пат“. Оваа аверзија траела 34 години сè додека еден ден не застанала покрај своето новороденче со болки во грбот. За да би можела да биде мајка каква што посакувала да биде – мајка која ќе биде способна да трча со децата во паркот и да ги подига и да ги врти наоколу“, како што вели – морала да се врати во форма.

Му кажала на нејзиниот сопруг дека ќе ја започне неделата со редовно одење во теретана. Следниот ден не направила како што ветила. Поминале денови, недели и месеци и таа не излегла воопшто надвор. Си рекла: „Требаше да одам во теретана, имав намери да одам, зошто тогаш не одам?“

За да го одговори ова прашање, Кровел спровела истражување кое траело три години. „Одбранбено откажување“ е термин кој го склопила за да го објасни она што се случува кога сакаме да постигнеме нешто и на кое постојано мислиме, а сепак не го правиме.

Ги открила следниве 3 моќни ментални состојби кои нè заклучуваат во тој круг на одбранбено откажување.

Таа објаснува како да ги надминеме овие ментални блокади:

„Едноставно мислам дека не можам да го направам тоа“

После нејзината потреба за вежбање, одлучила да почне со трчање. Еден ден ги облека патиките и излегла да џогира. Го направила тоа носејќи широки пантолони на кои немало каде да го стави својот телефон на којшто пак ја имала апликацијата што ја користела за трчање. Помислила дека е хаотично тоа што во едната рака го држи телефонот, а со другата мора да си ги придржува широките панталони.

За многумина од нас, ваквиот почеток може да биде доволен за да нè одврати од намерата. „Некаде длабоко во срцето мислите дека не можете“, вели таа. „Мислите дека другите луѓе имаат талент или генетски предиспозиции за да го прават тоа, а вие не.“

„Ако мислите дека коренот на успехот лежи во талентот и генетиката, тогаш ова е многу голема грешка: тоа е оправдувањето што ви требало за да се убедите дека не го поседувате она што е потребно“ – вели Ковел. Таа инаку не дозволила таквиот почеток да ја сопре туку подоцна успешно истрчала триатлон и полумаратон.

Како да се надмине оваа ментална блокада?

За секој неуспех пробајте да размислувате како за уште еден чекор на патот до успехот притоа развивајќи го она што истражувачите го нарекуваат „ментален склоп насочен кон развој“.

Кога воспоставувате ваков вид ментална состојба, „почетните грешки го губат своето значење. Тие повеќе не се оправдување за вашето необидување, тие претставуваат шанса да научите затоа што знаете дека успехот не лежи само во талентот туку и во трудот кој со текот на времето носи постигнувања.“ Следниот пат кога ќе почувствувате дека сте „паднале ниско“, речете си себеси: „Ова ќе ме однесе еден чекор поблиску до мојата цел“.

„Луѓето како мене не се доволно добри во ова“

Со активностите низ годините, експериментирањето и интензивното себеиспитување кои сме и кои сакаме да бидеме, ги обликуваме нашите идентитети. За повеќето од нас ова е тежок процес. И додека нашите идентитети ни даваат некакво значење и место во светот, некогаш можат да ни застанат на патот во постигнувањето нови нешта.

Кога Кровел станала лиценциран тренер, имала тешкотии да најде клиенти. Направила планови да учествува на различни настани, но кога се приближувале датумите за учество таа секогаш одлучувала да не оди бидејќи била премногу зафатена. Откако го спровела истражувањето за „одбранбеното откажување“, таа сфатила дека одбивала да ги покаже своите способности затоа што тоа било против нејзиниот идентитет. Ова ни е познато на сите. Многумина од нас избегнуваат да прават нешто што му се заканува на нашето чувство за себство, изјавува Кровел. Во нејзиниот случај, таа се сметала за тип којшто сака да помага, па како што вели „промовирањето на себеси и продавањето на моите услуги не ми делуваше многу автентично – се чувствував како да се наметнувам“.

Како да се надмине оваа ментална блокада?

Одговорот е едноставен: Пронајдете луѓе како вас што ги прават работите што вие мислите дека не можете и со нив споделете ги своите грижи. Колку повеќе ја доближете активноста до вашиот идентитет толку полесно ќе ви биде да продолжите понатаму.

„Чувствувам дека треба да го направам тоа, но навистина не сакам“

Или како што Кровел истакнува: „Потајно, не сакате да го направите тоа туку само мислите дека би требало да сакате да го правите тоа“. Всушност, го вреднувате нештото поради погрешни причини. Таа вели дека генерално постојат две работи поради кои ние ги сакаме работите.

Од една страна, можете да ги вреднувате нештата поради интринзични причини – тие доаѓаат однатре, од вашите интереси, љубопитност или од вашите долготрајни надежи и соништа. Од друга страна, постојат екстринзични причини од типот „Сите кул луѓе го прават тоа“ или „Мајка ми ќе биде горда“ или „Колку сакам да бидам ценет/а“.

Да речеме дека се обидувате да не го надминете вашиот буџет. Дознавате дека ручекот ви е најголем трошок, па одлучувате да си носите готов кој ќе го подготвувате сами. Еден ден го заборавате вашиот ручек и вашата колешка ве поканува да одите на ручек со неа. Се соочувате со изборот: Дали да јадете со неа и да потрошите одредена сума за храна или да купите евтин протеински бар? Доколку сте одлучиле да штедите од интринзични причини – за куќа или нешто слично – тогаш многу е веројатно дека ќе се држите до вашата одлука. Но, ако го правите тоа од екстринзични причини – штедите пари за вашата сестра – поверојатно е дека ќе отидете на ручекот. Не е доволно само да се урамнотежи потребата, желбата во дадениот момент да отидете во ресторан со вашата пријателка. Истото се случува со сѐ што ви создава потешкотии.

Како да се надмине оваа ментална блокада?

Помислете на вашата интринзична потреба – мотивацијата која стои зад она што велите дека сакате да го правите – како ваш личен извор на енергија. Таа е секогаш тука за вас кога ќе ви е потребна. А ќе ви треба. Кровел вели:

„Ако работата што ја сакате ви е премногу тешка, ќе постојат моменти кога ќе сакате да ја напуштите, но потребите кои се интринзични ќе ве одржат фокусирани и ќе ви помогнат да ги преземете потребните чекори.“

Доколку се потпирате единствено на потребите кои се екстринзични за да ја исполните активноста или целта, можеби ќе сфатите дека не вреди да се тежнее кон нив. Но, доколку длабоко во себе вашето срце вели дека е тоа, „морате да повлечете линија помеѓу работата што сакате да ја направите и вашите долготрајни очекувања и соништа“.

Откако ќе ја најдете основната инспирација, запишете ја на хартија и ставете ја во паричникот.

Кровел вели: „Кога ќе дојде моментот кога ќе сакате да прекинете или да се откажете, ќе треба да го извадите тоа парче хартија за повторно да го прочитате“.

Погледнете ги и овие 6 ментални блокади што ги спречуваат модерните жени да бидат успешни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар