3 едноставни правила на комуникација што ќе им стават крај на недоразбирањата во вашата врска

Порано или подоцна, речиси во секоја љубовна врска, доаѓа моментот кога и двајцата партнери престануваат да внимаваат на изборот на зборови и почнуваат да се оддалечуваат поради непромислените работи што ги кажуваат. Многу е важно да се одржи блискоста и топлината во врската за да не им дозволите на обичните несогласувања да преминат во жестоки караници и да доведат до раскинување. Сѐ што треба да направите е да ги примените следниве 3 правила на комуникација…

1. Кога разговарате за вашите желби, отфрлете ги зборовите „немој“ и „не може“

3 едноставни правила на комуникација што ќе им стават крај на недоразбирањата во вашата врска

Зборовите како „немој“ и „не може“ имаат негативно влијание на комуникацијата. Токму поради тоа, не ги употребувајте кога разговарате за вашите желби. Вашиот партнер нема да знае како да реагира кога ќе ги чуе таквите реченици, бидејќи се двосмислени и имаат многу различни значења.

  • Лошо: „Немој да ме контролираш.“
  • Добро: „Сакам да ми веруваш.“

2. Користете „и“ наместо „но“

3 едноставни правила на комуникација што ќе им стават крај на недоразбирањата во вашата врска

Ова правило делува едноставно, но ќе ви треба многу време за да ја внесете оваа промена во вашиот живот. Дефинитивно вреди да се обидете, бидејќи ова правило може да ви ја подобри комуникацијата со партнерот и да ја претвори од битка со зборови до меѓусебна соработка. Погледнете ја разликата и самите:

  • Лошо: „Те разбирам, но сакам и ти да ме разбереш.“
  • Добро: „Те разбирам и сакам и ти да ме разбереш.“

3. Не го уништувајте моментот со негативност

3 едноставни правила на комуникација што ќе им стават крај на недоразбирањата во вашата врска

Дали сте забележале како некои луѓе го изразуваат нивното незадоволство дури и кога делат пофалби? Проблемот кај овие поединци е што нивните мозоци се научени да реагираат со поголем интензитет на лошите работи. Ако сакате да пофалите некого, внимавајте да не ги мешате комплиментите со критиките.

  • Добро: Вечерата беше вкусна, за разлика од вчера.“
  • Лошо: „Вечерата беше вкусна, ти благодарам!“

Понекогаш ја потценуваме моќта на зборовите и забораваме да работиме на нашите комуникациски вештини. Подобро е да научиме да разговараме на таков начин што сите ќе можат да нѐ разберат, отколку да ги решаваме проблемите предизвикани од недоразбирањата, се согласувате?

Доколку сакате да го подобрите односот со партнерот, прочитајте ги овие неколку совети за одржување на цврстината на вашата врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар