3 докажани начини да изгледате одлично на фотографијата на вашата лична карта

3 докажани начини да изгледате одлично на фотографијата на вашата лична карта

Без разлика дали треба да ја обновите вашата лична карта или пак, да се сликате за возачка дозвола или пасош, секоја жена стравува од ужасните фотографии што излегуваа за овие документи. И покрај тоа што не можете да го контролирате осветлувањето во просторијата или пак, трпението на оној што ве фотографира, погледнете ги следниве трикови што вие самите можете да ги направите за да го подобрите вашиот краен резултат.

1. Едноставна фризура и лесна шминка

Фотографирањето за лична карта е најлош момент да експериментирате со нова фризура или нова боја на кармин. Држете се до она што ви е добро познато и со што изгледате најприродно – тоа значи да ги избегнувате комплицираните фризури и тешките шминки, бидејќи во комбинација со лошото осветлување можат да направат да изгледате уморно и постаро. Тоа што можете да го направите е да ги затемните веѓите и да ги истакнете образите со руменило.

2. Поднавалување на главата

Иако најчесто од вас се бара да гледате право во камерата, сепак можете да се извлечете со мало и незабележително навалување на главата. Доволно е само малку да се свртите кон вашата подобра страна (науката докажала дека кај поголемиот дел од луѓето тоа е левата) со цел да ги намалите сенките на вашето лице и да ја истакнете вилицата.

3. Искрена насмевка

Обидете се да се насмеете и со очите, а не само да ја подискривите устата бидејќи на тој начин ќе изгледате посвежо и многу поприродно. Во случај да не ви дозволуваат да се насмеете, обидете се уште од сега да вежбате „насмевка“ со очите, односно подзамижување што ќе направи да изгледате позитивно дури иако вашата уста е рамна.

Погледнете ги и овие дополнителни совети за подобра фотографија на личните документи…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар