27 работи со кои несвесно ги импресионирате оние околу вас - Part 2

27 работи со кои несвесно ги импресионирате оние околу вас

16. Бидете искрени кон самите себе

Што сакате од животот? Како може да го добиете? Од која лоша навика треба да се одвикнете? Дали е можеби вистинското време да се откажете и да пробате со нешто друго? Дали навистина уживате во работата која ја работите? Никогаш не залажувајте се себеси за ништо, особено не за клучните работи во животот.

27 работи со кои несвесно ги импресионирате оние околу вас

17. Слушајте ги другите

Кога некој ви зборува, фокусирајте се на она што го слушате, пробајте да ја одгатнете личноста, да сочувствувате со неа, не лутајте со мислите и не фокусирајте се на себеси. Во разговор тоа се познава и изгледа навистина себично.

18. Правете добри дела

Отворете му ја вратата некому, помогнете ѝ на старата жена со ќесите, направете вечера за вашата мајка. Добрите дела, макар и оние најмалите, се многу важни.

19. Бидете организирани

Кој е вашиот следен чекор? Каде може да најдете некој предмет во вашиот дом или канцеларија? Луѓето кои се организирани заштедуваат на време и нерви, и секогаш оставаат добар впечаток.

20. Делете комплименти

Ако новата фризура на вашата колешка навистина ви се допаѓа, дајте ѝ комплимент. Луѓето го ценат тоа што сте забележале некаква промена во нивниот изглед, и сигурно ќе им значи вашиот комплимент. Но не делете комплименти што не ги мислите искрено.

21. Споделете информации

Зборувајте за она што ве исполнува, за вашето хоби, за некој ваш талент, за најновата книга што сте ја прочитале. Споделете информации, знаења и искуства, исполнете го разговорот, но не претерувајте бидејќи лесно во туѓите очи може да станете нарцисоидни личности.

22. Бидете позитивни

Фокусирајте се на доброто, кога некој е во лоша состојба, помогнете му да ја види добрата страна на животот. Ќе верувате и самите дека светот е прекрасен само доколку одберете да го гледате така. Ширете позитива со која ќе разубавите многу животи.

23. Вистински помогнете

Кога имате време и сакате да помогнете, сторете го тоа од срце. Ако некому му е потребна вашата помош или совет, вистински помогнете онолку колку што можете. Можеби не секој умее да го цени тоа, но многумина ја согледуваат огромната разлика меѓу човек кој сака да помогне и оној кој не сака да излезе во пресрет. Секако, секогаш имате избор да речете „не“ доколку не сте во можност да помогнете, но тогаш кога можете, зошто да не?

24. Умешно поднесете критика

Често некој ќе ве искритикува, некогаш со разумна критика некогаш со непромислена, но ваше е како ќе возвратите на таа критика. Не избувнувајте, дајте им простор на другите да го искажат своето мислење и не заборавајте, мислењето на другите е нивен проблем, не ваш.

25. Признајте ги вашите грешки

Секој греши, не одете со главата во ѕид. Доколку е очигледно дека сте погрешиле, признајте, речете „извини“, кренете ја главата горе и обидете се повторно.

26. Искористете ги предностите на животот

Ако имате некаква можност, зграбете ја, ако имате талент покажете го. Патувајте, запознавајте луѓе, искусувајте го животот, искористете ја секоја предност што ви ја нуди.

27. Бидете информирани

Што се случува во светот или во земјата? Што е ново, што е хит? Кое е вашето мислење за тоа?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар