25 лекции за животот кои децата треба да ги научат од родителите

25 лекции за животот кои децата треба да ги научат од родителите

Сосема е природно родителите да претставуваат пример за своите деца, дури и во тинејџерските години. Поради тоа, многу е важно што им кажувате, но уште поважно е да се погрижите да им ги објасните оние работи кои не се подразбираат сами од себе.

25 лекции за животот кои децата треба да ги научат од родителите

Сето она што посакувате да им го пренесете на вашите деца, треба јасно и гласно да го изговорите или напишете, а токму тоа го сторил Том Метлек, кој е татко на 3 деца. Нека неговиот список наречен „25 работи кои би сакал моите синови да ги знаат“ ви послужи како одлична инспирација.

1. Многу е потешко да се прими удар, отколку да се зададе.

2. Пронајди луѓе кои те насмевнуваат и нив следи ги како златен ретривер. Насмевката е како витамин – никогаш не можеш да ја имаш во преголеми количини.

3. Мажот кој честопати се прегрнува, е сигурен во себе.

4. Читај поезија.

5. Нема ништо лошо во гледањето порнографија, но сексот со некој кој ти е драг, е илјада пати позабавен.

6. Кога ќе почувствуваш потреба да заплачеш од тага или од среќа, слободно исплачи се.

7. Попушти ја музиката додека го чистиш домот.

8. Оние со кои ќе се зближиш, погледни ги длабоко во очи, за да можеш да ја видиш и нивната душа.

9. Секоја година, одвои малку време за луѓето кои се помалку среќни од тебе.

10. Никогаш немој да лажеш за нешто што е важно. Поради првата лага, ќе мораш да лажеш уште еднаш, со цел да ја прикриеш првата. И секојпат кога ќе го направиш тоа, ќе изгубиш важен дел од себе.

11. Пронајди ја работата која ќе те прави среќен.

12. Доколку ти се овозможи прилика да ја прошеташ земјата или светот – прифати ја. Ќе научиш многу повеќе од луѓето кои се различни од тебе, отколку од оние со кои си сличен.

13. Да не направиш ништо, е многу подобар избор, отколку да направиш нешто погрешно. Во секој случај, ќе правиш многу грешки – цело брдо. Вистинското прашање, е што ќе успееш да научиш од нив?

14. Немој да брзаш со бракот. Разводите се стварно грозни. Добар брак може да се започне на 21, но и на 61 година.

15. Нема ништо лошо во тоа, доколку одвреме-навреме запалиш пура.

16. Парите и моќта звучат одлично, но тие нема да ти причинат задоволство какво што ќе ти причини твоето семејство.

17. Доколку ти се допаѓаат машки, ќе се борам на сите можни начини за твоите права.

18. Најди начин да го видиш задоволството во рекреацијата. Не мораш да бидеш спортист за да бидеш вистински маж, но твоето тело е храм и за него треба да се грижиш, да уживаш во него и да го користиш за правилно да се изразиш себеси.

19. Алкохолот може да биде забавен во умерени количества. Само биди сигурен дека ќе побараш помош доколку се најдеш во некаков проблем или правиш работи за кои подоцна ќе жалиш.

20. Радикалната искреност ќе те одведе далеку во животот. Повеќето луѓе немаат храброст да го кажат она што го мислат, без оглед на последиците.

21. Секогаш на твојата партнерка роденденскиот подарок давај ѝ го во кревет.

22. Пронајди ја во себе духовитоста, која ќе можеш да ја носиш на себе како капут, кој секогаш ќе те топли, без оглед на временските прилики.

23. Сексот е сјаен, но држењето на твојата сопруга во прегратка среде ноќ, е едно од најубавите чувства кои човекот може да ги искуси.

24. Сакај страсно. Сонувај големи соништа. Немој да се откажуваш.

25. Никогаш немој да заборавиш дека те сакам, што и да се случи. Не можеш да ме изгубиш. Секогаш ќе бидам тука.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар