22 реченици што треба да ги чуете кога ви е најтешко

22 реченици што треба да ги чуете кога ви е најтешко

Сите сме имале тешки денови. Или недели. Некои дури и години. Но, најважно е покрај нас да имаме добри пријатели што ќе нè потсетуваат дека и ова ќе помине. А ова се дефинитивно работите кои треба да ни ги кажат кога ни е најтешко.

(1) 22-raboti-shto-treba-da-gi-chuesh-koga-ti-e-najteshko-kafepauzamk

1. Секоја личност околу вас некогаш се има чувствувано вака.

2. Не сте сами во овие мисли, во овие стравови.

3. Од друга страна пак, баш овие стравови и грижи што ги имате, ве прават човек и ве поврзуваат со луѓето околу вас кои поминале низ истото.

4. Која било личност на која ќе помислите сега, поминала низ денови на несигурност и страв од светот. Дури и Стив Џобс имал денови кога се чувствувал ситен и немоќен.

5. Размислете за сите оние мали работи од минатото што тогаш многу ве погодиле и растажиле, а денес се само дел од спомените.

6. Сетете се дека за една година од сега, овие ваши грижи и проблеми ќе бидат само делче меморија.

7. Ако се чувствувате изгубено и без правец, не значи дека сте слаби или неуспешни.

8. Она што го правите секојдневно, и покрај напливот на овие непријатни чувства, е она што навистина сте.

9. Секој мора да почне некаде.

10. Само одберете каде.

11. Никогаш не треба да правите нешто само затоа што другите сметаат дека така е правилно.

12. Дружете се со луѓе кои имаат слични интереси како вас. Не се дружете со негативни луѓе.

13. Имајте 5-минутно правило. Одвојте си пет минути во денот да се чувствувате лути, само да лежите, или да бидете исплашени. Дозволете си целосно да се соочите со вашите чувства.

14. Кога ќе си дозволите пет минути да се чувствувате тажно или исплашено, ќе видите дека скоро сите околу вас се чувствуваат така во врска со некоја работа.

(2) 22-raboti-shto-treba-da-gi-chuesh-koga-ti-e-najteshko-kafepauzamk

15. Се соочувате со чувствата не за да пропаднете во нив, туку да им дозволите помирување, да изроните од нив со цврста желба да се борите.

16. Мора да си признаете што навистина ве мачи за да можете да го решите тоа. Ниеден проблем не може да се реши без прво да се дефинира.

17. Вие сте многу повеќе од грешките што сте ги сториле.

18. И ова, како и сè претходно, ќе помине.

19. Многумина мислат дека треба да се има детален план за да се издржат овие тешки денови. Вистината е дека воопшто не мора ни да се има план. Само треба да се продолжи. Да не се запира.

20. Несигурноста и двоумењето неретко можат да нè спуштат на земја и да служат како врска со сите околу нас.

21. Вие сте една ѕвездичка во универзумот, а таа ѕвездичка може да засвети во животите на многу луѓе.

22. Некои од најинспиративните приказни кои сте ги чуле започнале со неуспех и несигурност. Направете ја и вашата таква.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Маријана е професор по македонски јазик и литература, којашто во слободно време ги истражува широките пространства на виртуелната култура.

Поврзани содржини

Остави коментар