20 работи кои никако не смеете да му дозволите да ви ги прави

20 работи кои никако не смеете да му дозволите да ви ги прави

Најдовте момче кое изгледа одлично, заработува добро и живее во прекрасен стан. Меѓутоа, овие работи воопшто немаат никакво значење кога станува збор за формирање здрава врска која ќе трае. Не дозволувајте да ве заслепат површните работи и да ја жртвувате вашата среќа за момче кое исполнува само дел од вашите замисли. Добро е да се биде флексибилен во врската, но постојат работи кои никако не смеете да ги трпите и оправдувате…

20 работи кои никако не смеете да му дозволите да ви ги прави

1. Не го почитува вашето друштво и семејство

Ако ве почитува вас, мора да ги почитува и вашите најблиски. Исто така, неверојатно себично е да морате да се отуѓите од луѓето што ви значат и да ви биде непријатно кога ќе се соберете сите заедно. Врската не постои само додека сте вие двајца сами.

2. Спомнува стари караници за да ви набие грижа на совест

Минатото треба да си остане во минатото, особено ако се користи како оружје во секојдневните караници што ги имате во текот на врската. Ако тој сè уште ви го вади низ нос моментот кога сте одлучиле да отпатувате без него, веројатно никогаш нема да престане да го спомнува тоа и веројатно сè уште ви нема простено.

3. Не се интересира како ви поминал денот

Малите работи како што е прашањето „Како ти помина денот?“, се оние што ве држат заедно и ја одржуваат врската. Треба да се грижите и двајцата еден за друг. Исто како што вие го прашувате како му поминал денот, така и тој треба да го прави истото за вас.

4. Заборава на работи што ви значат

Не мора да има совршена меморија, но ако се грижи за вас, ќе се грижи и за работите што ви значат. Кога сте со некого, тоа значи дека сте со сите негови интереси и тоа треба да важи и за двајцата. Не смеете да дозволите да пропушта настани кои вам ви се важни, освен ако нормално не се работи за оправдано отсуство.

5. Не прави да се чувствувате убаво во своја кожа

Секако дека треба да бидете самоуверени и надвор од врската, но тој треба да прави да се чувствувате најубаво и најпаметно кога сте со него. Тоа не може да се случи ако тој ве навредува и ве критикува на нетактичен начин.

6. Не ги негува истите вредности

Ова вклучува сè од тоа дали и двајцата би сакале да имате деца, до вашите политички убедувања и работи кои сметате дека се навистина значајни. Не би сакале да поминете цел живот со вашиот партнер во караници за политика.

7. Не ги вреднува вашите искуства

Кога сте имале навистина лош ден и сакате да споделите како некој ве навредил на работа или сте се скарале со вашата најдобра пријателка, тој треба да ве ислуша и да проба да сочувствува со вас. Никогаш не треба да ги потценува вашите проблеми и да ги смета за „типично женски“ или неважни.

8. Нема мотивација

Сите ние имаме мрзливи денови, но животот не смее да биде низа мрзливи дена и тој не смее да очекува од вас да го бодрите во сè што (не) прави. Работната етика е многу значајна и привлечна. Тој треба да биде способен да ја одреди својата цел и да се стреми кон нејзиното остварување, а не да чека работите да му паднат од небо.

9. Не ве слуша

Вие се обидувате да разговарате со него, а тој не престанува со играње игри на телефонот и не го ни тргнува погледот од телевизорот. Треба да знаете дека кога некој ве слуша внимателно, тоа значи дека ви искажува почит. Не ви треба некој кој не знае да ве почитува.

10. Смета дека треба да ве „поправи“

Вие сте личност, а не проект. Во ред е врската да го извлекува најдоброто од вас и да се менувате на подобро, но само ако вие тоа го сакате, а не затоа што тој сака да ве претвори во личноста која ќе биде совршена само за него.

20 работи кои никако не смеете да му дозволите да ви ги прави

11. Не прави компромис

Со тоа што тој одбива да биде флексибилен, сака да каже дека неговите мислења и планови се поважни од вашите, а тоа е најсебичното нешто што некој може да го направи. И двајцата би требало да сакате да се најдете на половина пат. На тој начин покажувате дека се грижите еден за друг и дека и двајцата сте еднакви во врската.

12. Прави да се чувствувате виновни ако си посветите време за себе

Може да изгледа романтично тоа што тој секогаш сака да биде со вас, но ако се налути кога ќе посакате попладнето да го поминете на маникир или на ручек со вашите пријателки, тука не станува збор за романтика, туку за посесивност, а тоа не е ни здраво ни интересно.

13. Лесно станува љубоморен

Ако станува параноичен секогаш кога сте во друштво на други мажи, тоа не е љубов, туку несигурност која на крајот само ќе ве повреди. Вистинскиот маж никогаш нема да побара од вас да се откажете од вашите машки пријатели за негово добро.

14. Не ве смее до солзи

Врските понекогаш се напорни, но поголемиот дел од времето би требало да бидат забавни. Не мора да изигрува кловн по секоја цена, но ако вашата чудна смисла за хумор одговара на неговата чудна смисла за хумор, тоа е знак дека вие двајца имате нешто што ќе трае.

15. Ви кажува навредливи работи и потоа не сака да разбере колку ве навредил

Ова важи за што било, за сексистички, расистички, хомофобични забелешки и слично. Сите прават грешки, но важно е да се разбере грешката и да не се повторува.

16. Прави да се чувствувате виновни за работите во кои уживате

Ако ве нарекува „празноглава шмизла“ само затоа што обожавате розова боја и со часови одбирате слика за на Инстаграм, заслужувате многу подобро. На сите ни е потребно многу време за конечно да сфатиме што сакаме и ако тој вашите интереси ги доведува до знак прашалник, не вреди да се трудите да го задржите.

17. Не ги задоволува вашите потреби во кревет

Немојте ни за момент да помислите дека сексот не е важен за здрава врска. Ако тој секогаш доживува оргазам, а вие само 30% од времето, тој воопшто не се грижи дали и вие уживате во сексот исто толку колку што тој ужива.

18. Прави да се чувствувате непријатно во јавност

Дали тој одеднаш исчезнува од забавата на која сте дошле заедно без да ви каже? Или, пак, прави шеги на ваша сметка пред целото негово друштво? Нормално дека не треба да ви биде дадилка, но треба да се грижи за тоа секогаш да ви биде пријатно кога сте заедно.

19. Прави да се чувствувате како да не можете да преживеете без него

Најдобрите врски се оние изградени од две независни личности кои заедно функционираат одлично. И двајцата треба да бидете целосно формирани личности способни да функционираат независно една од друга.

20. Се сака себеси повеќе отколку што ве сака вас

Една работа е да се има самодоверба, но сосема друга е да се биде толку полн сам со себе што нема да има место за други луѓе. Треба да ве сака исто толку колку што се сака и себе, дури и понекогаш да ги става вашите потреби пред неговите ако тоа е потребно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар