20 пораки посветени на луѓето со анксиозен ум

Секогаш имајте ги на ум овие реченици и пораките кои се кријат во нив. Кога ќе ве фати паника и страв сетете се на некоја од нив, бидејќи на тој начин ќе си помогнете побрзо да го надминете непријатното чувство кое го обзема вашиот ум.

(1) 20 пораки посветени на луѓето со анксиозен ум

1. Престанете премногу да се потресувате околу вашата работа и кариера, опуштете се и завршувајте си ги обврските на најдобриот можен начин. Не знаете што ќе се случи за 5 минути отсега, а не пак, во наредните 5 години.

2. Нема да ги вознемирите вашите вистински пријатели доколку ги побарате во кое било време од денот или ноќта, секогаш кога ќе почувствувате потреба за разговор.

3. Дури и во моментите кога ќе мислите дека е дојден крајот на светот, потсетете се дека тоа чувство ќе исчезне за неколку дена, а понекогаш, можеби дури и за само неколку часа.

4. И меѓу оние луѓе кои се наоѓаат околу вас и изгледаат смирено, има такви кои во себе се соочуваат со истите чувства и стравови, како и вие.

5. Премногу сте убави и намуртеното лице не ви одговара, затоа смејте се.

6. Доколку одредена личност предизвикува непријатни чувства во вас, имате комплетно право без никакво објаснување да ја отстраните од вашиот живот.

7. Дури и познатите јавни личности, пејачи и актери, кои редовно одат по црвениот тепих, чувствуваат анксиозност.

8. Доколку не се сметате себеси за успешни откако некоја работа ќе ја завршите добро, зошто би се сметале за губитник по некоја грешка?

9. Пиењето алкохол можеби ќе ве опушти во дадениот момент, но утрото постои голема веројатност да се чувствувате уште полошо поради мамурлакот.

10. Ако забележувате дека социјалните мрежи ве вознемируваат или ви предизвикуваат депресија, во секое време можете да ги избришете вашите профили.

11. Не е ваша вина тоа што имате анксиозност, затоа не се сметајте за „отпадник“.

12. Луѓето околу вас не ја забележуваат вашата анксиозност во толкава мера колку што вие си мислите. Можеби таа и воопшто не е видлива за околината.

13. Вашите чувства се важни, дури и кога мислите дека претерувате со нив.

14. Ако си ја повредите ногата, веројатно веднаш ќе побарате лекарска помош. Така е и со мозокот, доколку чувствувате дека нешто не е во ред со него, побарајте помош од психолог или психијатар.

15. Нема потреба да се оптоварувате со лоши сеќавања, кога има толку убави од вашиот живот со кои можете да го исполните вашиот ум.

16. Не се чувствувајте навредено доколку некој ве опише како „срамежливи“ или „тивки“.

17. Не размислувајте за работите од минатото кои не завршиле најдобро, иднината си носи свои предизвици, па затоа и секогаш размислувајте позитивно.

18. Не се оптоварувајте со тоа што мислат другите за вас. Особено непознатите луѓе и случајните минувачи, кои најверојатно никогаш повеќе нема да ги видите.

19. Вашиот партнер или партнерка можат секогаш да бидат тука за вас и да ви помогнат во тешките моменти, но не очекувајте од нив да ја избркаат од вас анксиозноста. Едноставно не можат да го сторат тоа.

20. И не заборавајте, денеска можеби ви е најлошиот ден во животот, но секогаш постои можност утре да биде најдобриот ден од вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар