18 работи кои жените треба да престанат да си ги прават една на друга

Секоја жена понекогаш знае да искоментира нешто лошо за друга жена. Без разлика дали се работи за пријателка, колешка или случајна девојка која „премногу дотерана и згодна“ поминала пред вас, веројатно и вие не сте исклучок од оваа појава. Интересно е дека во споредба со мажите, жените многу почесто коментираат за други жени, во негативна конотација. Во ред е понекогаш да озборуваме, но постојат работи кои едноставно треба да престанеме да си ги правиме една на друга.

two young girls gossiping

Еве што треба да престанат да прават жените:

1. Да зборуваат за сексуалниот живот на други жени. Тоа е лична работа и лична одлука. Многу едноставно: не е твоја вагина, не е ни твоја работа.

2. Да коментираат за туѓиот изглед на телото. Нема потреба од ова. Секоја жена ваквите коментари ќе си ги земе при срце.

3. Да си кажуваат коментари од типот „леле, колку си слаба“, што е подеднакво понижувачки како да ѝ кажеш на девојка дека има вишок килограми.

4. Свесно да се обидуваат да преземат нечие момче или сопруг. Почитувајте ги туѓите врски како што би сакале да ја почитуваат вашата.

5. Да даваат двосмислени комплименти од типот „Косата ти изгледа убаво, но мислам дека би требало малку да ја скратиш.“

6. Да бидат љубоморни на туѓите женски успеси. Треба да бидете среќни на туѓите достигнувања постигнати со многу труд и напорна работа.

7. Да се натпреваруваат меѓу себе. Сите играме за ист тим на овој свет и кога ќе почнеме да се противиме кон други, не постигнуваме ништо освен што создаваме непотребни подвојувања.

8. Да ја обвинуваат другата жена кога нивниот партнер ги изневерил. Зошто секогаш претпоставуваме дека таа е виновна? Таа може дури и да не знаела дека тој е посветен на друга врска. Тој е оној којшто ја ветил својата љубов на некој друг и ја изневерил. Вистинската реакција би била да престанете да ја обвинувате другата жена и да се соочите со вистинскиот проблем и вистинскиот човек, директно во очи.

9. Да шират гласини.

10. Да избегнуваат да ги расчистат работите во лице со личноста со која се во некаков конфликт, додека истовремено со леснотија на сите други им раскажуваат што направила, што кажала и како не можат да преминат преку тоа. Сериозно дами, одете право кај изворот на проблемот и расчистете ги работите во лице.

11. Да ги издаваат тајните за кои ветиле дека нема да ги кажат. Ако пријателка ви се довери за нешто и ве натера да се заколнете во тајност, таа тоа и го заслужува.

12. Да си ги споредуваат телата со други. Штом се споредите со друга жена, тоа е отров за вас. Сакајте се какви што сте и не мислете дека треба да изгледате како кој било друг.

13. Да го критикуваат карактерот на други жени. Ако девојката е зборлеста, не нарекувајте ја напорна, ако е тивка, не значи дека е вообразена.

14. Да си глумат една пред друга. Ако имате проблем со друга жена, едноставно не дружете се со неа. Не преправајте се дека сте ѝ пријателка за да ѝ се исмевате подоцна со останатите ваши пријателки.

15. Да ги презираат партнерите на нивните пријателки заради тоа што тие поминуваат повеќе време со нив отколку со вас. Доколку ова отворено ѝ го кажете на вашата пријателка, сè што ќе предизвикате е само поголема оддалеченост помеѓу вас двете.

16. Да си бидат непријатели без причина. Ако некој ве праша зошто не сакате одредена личност, а вие не можете да смислите одговор, едноставно откажете се.

17. Да ги користат недостатоците на други жени за да се истакнат себеси и да изгледаат подобро. Не мора да ја спуштите туѓата самодоверба за да ја подобрите својата.

18. Да зборуваат лошо за други девојки на Твитер или да прават други злобни стратегии за понижување преку социјалните мрежи. Средношколските денови се зад нас. Да се однесуваме како возрасни.

Сакајте ги и бидете сакани од другите жени, бидејќи кога сме заедно, ние сме сила која тешко може да биде совладана.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ха Reply

    А Кафепауза треба да престане да краде туѓи статии 🙂

    • Кафе пауза Reply

      Обично тој што “украл” не може да има нешто плус од тој што “измислил”, ама добро штом така велите, ќе престанеме 🙂

  2. Ха Reply

    Па зошто не го прикажавте линкот што го ставив во претходниот коментар за да видат сите? 🙂

    • Кафе пауза Reply

      Затоа што линкови од други сајтови не се дозволени во коментарите, кога не се релевантни за содржината на напишаното во текстот. Ако некој сака да ја чита истата тема на друго место, слободно. Овде објавуваме содржини кои ние сме ги напишале и обработиле и во никој случај немаме намера да оставаме простор за линкови со кои намерно или не, би се промовирала слична содржина на друг сајт. А бидејќи ти ги имаш двата линка, можеш да споредиш и самата да ги увидиш разликите. Обвинението за каржба е многу сериозно и е нефер да ни биде упатено кога е неосновано. Кафе пауза не препишува од други сајтови на македонски. А да, можно е да користиме исти извори со други сајтови. Интернетот е на сите.

      Поздрав

Остави коментар