17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

Од моментот кога првпат го запознавме момчето кое живееше во креденецот под скалите, знаевме дека ќе станеме дел од една посебна приказна. Независно дали сте ги прочитале книгите и сте ги гледал филмовите само еднаш или сте фан кој знае во која куќа припаѓате, кој е вашиот Патронус и какво е вашето волшебно стапче, Хогвартс секогаш ќе биде вашиот дом.

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

 

Бевме таму кога Хари го пронајде каменот, влезе во одајата на тајните, го ослободи затвореникот, беше избран од пламениот пехар, стана дела од Редот, го запозна полукрвниот принц и ги собра сите реликвии на смртта и низ сето тоа, научивме многу важни животни лекции за кои можеме само да се надеваме дека ќе останат со нас… Засекогаш.

1. Секогаш постои надеж. Според Албус Дамблдор, Среќата може да се пронајде дури и во најтемните моменти доколку се сетите да го вклучите светлото.

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

2. Сите добри работи им се случуваат на оние кои чекаат. И ниедно чекање не може да се спореди со 12-годишното во Азкабан за убиствата на вашите пријатели да бидат оправдани.

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

3. Бидете горди на своите лузни. Лузната на Хари го направи тоа што е и вашите лузни не се ништо поразлични. Прифатете ги, бидејќи токму тие се доказ за вашата храброст.

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

4. Никогаш не ги осудувајте другите по нивниот изглед. Независно кои сте и што сте, луѓето треба да ги судите само по нивните дела.

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

5. Не плашете се да бидете оригинални и уникатни. Некои луѓе можеби ќе мислат дека сте малку чудни, но тоа не ја запре Луна да продолжи да верува во себе, ниту пак треба да ве запре вас.

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

6. Љубовта е најдоброто оружје и најдобрата заштита. Основата на преживувањето на Хари се темели на љубовта на неговата мајка и не постои буквално ништо посилно на светот од неа.

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

7. Борете се за она во коешто верувате. Понекогаш тоа значи да се соочите со Темниот господар, а понекогаш значи да ги поддржите и вашите пријатели или да ги запрете да сторат нешто за што подоцна ќе се каат.

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

8. Чоколадото е решение на сите проблеми и може да излечи сѐ. Без разлика за што станува збор!

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

9. Постои време и место за сѐ. Фотографирањето е супер, но не ако на ѕидот има крвава порака дека на слобода е чудовиште кое ги замрзнува сите кои ќе го погледнат в очи.

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

10. Во животот ќе треба да преземете неколку ризици. Ако не се осмелуваме да го направиме тоа, тогаш никогаш нема да дознаеме што пропуштаме.

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

11. Каде и да сте, запомнете дека секогаш ќе постои место каде ќе можете да се чувствувате како да сте во домот во којшто припаѓате. Како што вели познатата изрека, домот е онаму каде што е срцето.

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

12. Понекогаш треба само да се опуштите и да се насмеете. Сигурни сме дека токму оваа реченица е мотото на Фред и Џорџ.

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

13. Нашите избори се оние работи што нѐ дефинираат. Како што вели Сириус Блек, сите ние имаме и светлина и темнина во себе. Она што е важно е делот со кој ќе избереме да дејствуваме – тоа сме вистинските ние.

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

14. Пријателството значи секогаш да бидете тука еден за друг. Пријателите се секогаш тука да ви ја дадат потребната поддршка, независно колку тежок може да биде предизвикот.

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

15. Но, понекогаш треба самите да ги направиме работите. Пријателите знаат кога треба сами да се соочите со некој или нешто и ќе ве остават да го решите проблемот, дури и кога сакаат да дојдат со вас.

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

16. Оние личности кои ги сакаме никогаш нема да нѐ напуштат. Смртта не може да ја запре љубовта и оние кои сме ги изгубиле секогаш ќе останат во нашите срца.

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер

17. И најважната лекција: Верувајте во магијата. Таа е насекаде и може да ви се случи дури и кога најмалку ја очекувате.

17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар