15 знаци дека станувате посигурни во личноста којашто сте

Можеби долго време работите на себе, но понекогаш заборавате да се свртите назад за да видите колку далеку сте стигнале. Иако можеби имате уште долг пат пред вас, од голема важност е да станете сигурни во личноста којашто сте сега. Следниве знаци ќе ви помогнат да откриете дали сте стигнале дотаму.

15 знаци дека станувате посигурни во личноста којашто сте

1. Помалку се грижите за тоа како луѓето гледаат на вашите избори, верувања, идеи и искажување на мислите и чувствата. Зборувате кога има потреба, но истовремено знаете дека не мора да се расправате со луѓето кои не сакаат да ве слушаат со почит.

2. Не се обидувате да ги покажете вашите достигнувања или постојано да покажувате колку сте добри. Но истовремено не го потценувате вашиот успех и не се потценувате себеси. Кога имате можност да зборувате за вашата работа, кажувате што сте направиле, како сте го направиле тоа, што сте научиле и што сакате да постигнете, без да се однесувате како да се подобри од другите.

3. Не ги користите парите како мерило за успех. Наместо тоа, ги гледате како алатка со која можете да се подобрите или да се уништите. Вие ги користите парите за да се подобрите, а тоа значи трошење на работи кои го прават вашиот живот подобар и кои ви помагаат да ги постигнете целите.

4. Знаете дека нема потреба да се правите интелектуалци или софистицирани повеќе отколку што сте, бидејќи знаете дека е арогантно да тврдите дека сакате работи што ги сакаат само интелигентните луѓе. Си дозволувате да уживате во она што ве интересира, без разлика каква репутација има.

5. Знаете дека можете да уживате во животот и да се оддалечите од светот без да се чувствувате виновно за тоа. Не се казнувате кога одвојувате време за себе.

6. Не избувнувате пред луѓе кои имаат различни погледи од вашите. Дури и кога сакате да промените нешто, јасно ви е дека нема сите да бидат на ваша страна, а вие не можете да направите ништо за тоа.

7. Не се присилувате да бидете подобри или поправедни само за да покажете колку сте им помогнале на другите. Кога ќе донирате нешто или кога ќе помогнете некому, не се фалите на социјалните мрежи. Кога помагате го правите тоа од љубов, без разлика колку мало дело сте направиле. Не се чувствувате виновно ако давате помалку од некој друг.

8. Се воздржувате од реакциите кога сте гневни. Не е лесно да ве провоцираат како порано, бидејќи знаете дека болката и страдањето се неизбежни и дека одвреме-навреме ќе има лоши моменти. Помоќни сте од вашите чувства и можете да ги контролирате вашите реакции.

9. Знаете дека за да бидете силни не секогаш значи да изгледате така. Знаете дека ранливоста е знак на храброст и сила, бидејќи не ви е страв да покажете дека сепак сте човечко суштество и дека можете да страдате. Знаете дека сте силни бидејќи во минатото сте надминале проблеми за кои премногу сте се грижеле.

10. Знаете да ги контролирате чувствата и да не делувате според нив, туку според вашата логика. Вашата силна интуиција ви помага да одредите која е правилна одлука, без разлика во каква ситуација сте. Свесни сте дека понекогаш чувствата можат да ве натераат да донесете избрзани одлуки, па го спречувате тоа. Знаете кои чувства се од помош, а кои можат да ви наштетат.

11. Знаете дека вие сте оние коишто сте и мислењето и етикетите од другите не ве формираат како личност.

12. Секогаш кога ќе изгубите пријател или врска, знаете дека загубата не влијае на вашата вредност. Разбирате дека тоа е природен дел од животот.

13. Не трошите време оправдувајќи ги вашите избори и постапки пред другите. Не чувствувате обврска да им објаснувате на оние кои не ве сакаат што правите и зошто го правите тоа. Едноставно, се движите по патот што сте го создале за себе.

14. Си поставувате високи стандарди и постојано го подобрувате вашиот живот. Но, знаете дека некои одлики не можете да ги промените и целосно ви се прифатени како дел од вас. Знаете дека вашата вредност не е одредена од тоа колку добро се преправате дека сте личност која другите би ја сакале повеќе.

15. Го гледате вашиот живот како надградба на личноста којашто сте. Размислувате за тоа колку далеку сте стигнале, колку имате денес и колку ќе имате во иднина. Свесни сте за вашиот потенцијал и можете да го креирате она што го сакате.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашиот живот е многу подобар отколку што мислите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар