15 застарени модни правила кои упорно продолжуваме да ги следиме

Голема е веројатноста дека и вие интуитивно сте следеле некој моден тренд кој веќе е време да остане во минатото. Трендовите и модните правила се менуваат, а понекогаш треба да се прилагодите на тоа. Па, погледнете ги 15-те модни правила кои се премногу застарени за да ги следите.

1. Не можете да носите отворени чевли со чорапи или хулахопки

15 застарени модни правила кои упорно продолжуваме да ги следиме

Речиси секој им се смее на мажите кои носат чорапи и сандали. Но овој тренд е популарен и кај жените. Ако се одлучите да го пробате, имајте на ум дека чорапите треба да бидат интересни и уникатни бидејќи тие се фокусот на вашиот аутфит. Можете да ги носите хулахопките со отворени чевли, но одберете некои со потемна боја.

2. Големите гради треба да се истакнат, а малите да се скријат и обратно

15 застарени модни правила кои упорно продолжуваме да ги следиме

Стереотипите поврзани со големината на градите најчесто се појавуваат поради комплекси, а не поради трендови. Не постојат правила за тоа која големина треба да се прикрие или истакне. Жените треба да ги истакнуваат градите според нивната желба, расположение и ситуација.

3. На таа возраст не можете да носите…

15 застарени модни правила кои упорно продолжуваме да ги следиме

Не може да носите принтови и розова облека после 17 години, не можете да носите мини здолниште по 35 и можете да носите кратка коса само после 50 години. Сигурно имате слушнато барем некој ваков стереотип. Модерната жена може да се венча по 35-тата година во розов фустан, да носи мини здолниште и да облече блуза со Мики Маус. Модата ги оправдува овие храбри одлуки, особено ако се во добра комбинација.

4. Не носете ја истата облека повеќе пати

15 застарени модни правила кои упорно продолжуваме да ги следиме

Ова правило се појавило со цел да ги натера луѓето да купуваат повеќе облека и да ја покажат својата финансиска моќ преку гардеробата. Но денес нема потреба од ова и сосема е во ред да носите исто парче многу пати. И се разбира, облеката никогаш не мора да биде дизајнерска.

5. Неопходно е да се носи колан со панталони или фармерки

15 застарени модни правила кои упорно продолжуваме да ги следиме

До пред неколку години се сметаше дека панталоните со гајки за ремен мора да се носат со ремен. Ова правило повеќе не важи ни за мажите ни за жените. Ако панталоните ви се точни а вашиот изглед нема потреба од колан, нема ни зошто да го ставате.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар