15 секојдневни навики што се штетни за жените

15 секојдневни навики што се штетни за жените

Жените се вклучуваат во многу секојдневни активности кои понекогаш може да бидат штетни на долгорочен план. Од редовно бањање, до посети на козметички салони, жените навистина сакаат да бидат чисти. Но, постојат некои навики кои не треба да се практикуваат секојдневно. Погледнете за кои станува збор…

15-sekojdnevni-naviki-koi-se-shtetni-za-zhenite-kafepauza.mk

1. Користите една хигиенска влошка во текот на целиот ден

Влошките треба да се менуваат на неколку часа. Вагиналните инфекции и црвенилото може да бидат предизвикани токму од нив.

2. Перење на градникот еднаш неделно

Ова важи за градниците со жица и со корпи. Експертите советуваат дека секој градник мора да се испере после третото носење.

3. Црни градници во лето

Од црната боја во текот на летото може само да ви биде потопло. Затоа, во летниот период избегнувајте ги црните градници.

4. Носење градник за време на спиење

Оваа навика е многу штетна. Градникот ги притиска градите во текот на ноќта, а ова ѝ пречи на циркулацијата и го оштетува ткивото на градите.

5. Миење на интимните делови со сапун

Вагината си има сопствен механизам за чистење, па користењето на сапуни и шампони е непотребно. Доволно ви е само вода.

6. Градници со жица

Овие градници ја иритираат кожата и ја намалуваат циркулацијата на крвта доколку ги носите долго време. Носете ги само кога е навистина потребно, и градникот никогаш не треба да ви биде тесен.

7. Нанесување антиперспирант директно на кожата

Ова е опасно бидејќи може да ја иритира кожата, па дури и да предизвика рак на дојката. Најдобро е да го нанесувате на облеката.

8. Излегување на сонце без заштита

Многу е важно да ја заштитите кожата од штетните сончеви зраци. Секогаш нанесувајте заштитна крема на лицето и рацете.

9. Не ја отстранувате шминката пред спиење

Нејзиното отстранување ќе ви одземе многу малку време. Спиењето со шминка може да предизвика предвремено стареење и проблеми со кожата.

10. Не посетувате гинеколог

Вашите интимни делови имаат потреба од посебна нега. Важно да бидете свесни за здравјето на вашата вагина за да избегнете несакани проблеми.

11. Прескокнување на појадокот

Прескокнувањето на појадокот ја троши вашата резервна енергија и му наштетува на метаболизмот. Ќе се чувствувате уморно, а ова може да влијае и на вашето расположение.

12. Гризење нокти

Ова е навика што не е лесно да се остави. Многу често поради нервоза, или пак како секојдневна навика, многу луѓе се впуштаат во гризење нокти. Со ова само им овозможувате на бактериите да навлезат во вашето тело.

13. Брзо јадење

Многу од нас заборавиле да јадат релаксирано. Многу често брзаме за нешто, па оброкот ни трае 5 минути. Секој оброк треба да трае барем 20 минути. Голтањето на храната без џвакање може само да предизвика киселини и гасови.

14. Постојано барање дозвола

Многу жени секојдневно бараат дозвола, без разлика дали станува збор за шеф, партнер или пријател. Девојки, ослободете се од оваа навика најбрзо што можете! Бидете си сам свој господар и не трошете време.

15. Ја чепкате кожата на лицето

Престанете да ги чепкате акните и мозолчињата, со тоа само им ја влошувате состојбата. Можете дури да си направите и лузни.

Погледнете и како да се откажете од лошите навики во само 3 чекори.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар