15 реченици кои ни го расипуваат расположението на работното место

15 реченици кои ни го расипуваат расположението на работното место

Имате совршен ден на работа, во текот на паузата за ручек имавте интересен разговор со колегите, а тогаш баш во моментот кога се спремавте да заминете дома, се случува необичен пресврт. Ви приоѓа вашиот шеф со прашањето: „Можеш ли да ми направиш една услуга пред да заминеш?“ Ви изгледа ли позната оваа ситуација? Ние сме овде за да ве потсетиме кои се речениците кои најмногу мразите да ги слушнете додека сте на работа.

1. „Дали има некој мастика?“

Ова прашање со сигурност ви се поставува секојдневно од страна на една иста личност, која најверојатно не е свесна дека мастиките може да се купат во продавница.

2. „Боже, толку многу настинав!“

Тогаш која е причината за доаѓање на работа? Колегите понекогаш знаат да се однесуваат како деца. Наместо да земат слободен ден додека им трае настинката, тие сепак одлучуваат да дојдат на работа и да ги заразат останатите.

3. „Што правиш моментално?“

Вашиот шеф е убеден дека никогаш немате доволно работа и затоа кога ќе му се причини дека барем малку сте се избориле со силните обврски, ќе ви пријде со ова прашање и куп нови идеи.

4. „Ова е многу важно!“

Ох, секако, како и секоја претходна задача што ви ја зададеле…

5. „Можеш ли да направиш нешто за мене пред да заминеш?“

Баш кога ќе ја облечете јакната, тогаш сте му потребни на шефот во врска со една „ситница“, која ќе ви одзеде барем уште еден час. Но, како да го одбиете надредениот?

2-15-rechenici-koi-ni-go-rasipuvaat-raspolozhenieto-na-rabotnoto-mesto-www.kafepauza.mk_

6. „Како не сме сè уште пријатели на Фејсбук?“

„Многу веројатно е поради тоа што не се дружиме и не планирам да гледам фотографии од твојата мачка уште и на социјалните мрежи“, би можело да биде совршен одговор…

7. „Можеш ли да се потпишеш на оваа честитка?“

Го имате ли и вие она чудно чувство кога се потпишувате на роденденските честитки на луѓето на кои одвај им го знаете името? Што воопшто да напишете: „Ќе уживам во тортата, иако не знам ниту како изгледаш!“

8. „Потребно ми е ова до крајот на денот!“

Сигурни сме дека обожавате кога вашиот шеф ќе ви го одложи рокот за предавање или завршување на задачата, особено ако тоа значи дека морате да го завршите започнатото за само неколку часа.

9. „Можеш ли да го погледнеш тоа преку викендот?“

Освен ако не е карта за некој концерт, не, не можам да го погледнам.

10. „Дали уште некому му студи?“

Константното расправање на колегите во врска со вклучениот клима уред или отворениот прозорец, е навистина нешто што може да ви го расипе денот…

3-15-rechenici-koi-ni-go-rasipuvaat-raspolozhenieto-na-rabotnoto-mesto-www.kafepauza.mk_

11. „Како си помина за викендот?“

Како да не е доволно што е понеделник и што е утро, туку и колегите очекуваат дека ќе им раскажувате за вашиот краток одмор? Не доаѓа предвид!

12. „Здраво!“

Толку е досадно да го поздравувате секој кој ќе дојде во канцеларијата… Се сложувате?

13. „Искрено, што мислиш за тоа?“

Кога колегите се задоволни со својата работа, ќе ве прашат за мислење, само за да се пофалат за направеното.

14. „Може ли да поразговарам со тебе на момент?“

Кога разговорот ќе започне со оваа реченица, бидете сигурни дека ништо добро нема да се случи во текот на неговото траење.

15. „Можеш ли утре да дојдеш порано на работа?“

И вака одвај успевате да се нашминкате, облечете и да испиете кафе пред работа, а доколку ве натераат да се разбудите порано отколку инаку, подобро би било да се спремни да платат одредена сума на пари за тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар