15 работи кои треба да ги знаете пред да почнете да се состанувате со силна девојка која претпочитала да биде сама

15 работи кои треба да ги знаете пред да почнете да се состанувате со силна девојка која претпочитала да биде сама

Силните девојки се оние кои биле повредени во минатото и врз основа на тоа успеале да изградат свој систем на вредности, успеале во себе да всадат храброст, мудрост и упорност. Тие не се откажуваат лесно, затоа што знаат дека единствено борбата може да ги одведе до нивната цел. Силните девојки поинаку реагираат и во љубовните односи, а доколку момците имаат намера да се состануваат со ваква девојка, тогаш треба да ги имаат предвид овие 15 работи кои со сигурност ќе ги доживеат покрај неа.

15 работи кои треба да ги знаете пред да почнете да се состанувате со силна девојка која претпочитала да биде сама

1. Таа е силна

Дури понекогаш можете да бидете исплашени од неа…

2. Таа била слаба во минатото

Ако има нешто што таа најдобро го научила од своето минато, е тоа што никогаш повторно нема да дозволи некој да се однесува лошо со неа и некој да ја добие без да се бори.

3. Не сте ѝ потребни…

Таа може да се однесува како да не ѝ треба никој друг, затоа што научила дека единствената личност на која може да се потпира, е самата себе.

4. Но, таа ве сака

Треба да бидете горди ако сте сакани од некоја силна девојка, бидејќи таа претпазливо го прави својот избор и знае што ѝ треба и што заслужува.

5. Сака да ви верува

Силните девојки се оние кои се изградени врз основа на лошите искуства од минатото. Таа сака да ви верува дека имате добри намери.

15 работи кои треба да ги знаете пред да почнете да се состанувате со силна девојка која претпочитала да биде сама

6. Но, себеси си верува повеќе

Сѐ додека не ѝ докажете дека сте вредни за да има доверба во вас, таа ќе се однесува скептично.

7. Таа се мрази себеси кога има моменти на слабост

Силната девојка добро умее да ги сокрие своите слабости. Но, понекогаш тоа не ѝ успева па таа може да заплаче. Во такви моменти треба да ѝ бидете нејзина поддршка.

8. Но повеќе ќе ја засакате поради тоа

Во тие моменти таа се смета за слаба и ќе ви се извини за тоа. Но, вие ќе гледате на неа како човечко суштество и уште повеќе ќе се заљубите.

9. Таа има и други важни работи во животот

Силната девојка се фокусира на нејзината кариера и целите во животот, па честопати истите ги става и пред љубовната врска.

10. Таа ќе ве мотивира

Таа ќе сака да направите нешто повеќе и да бидете подобра личност. Таа ќе сака да ве направи најдобриот маж затоа што стоите покрај неа.

15 работи кои треба да ги знаете пред да почнете да се состанувате со силна девојка која претпочитала да биде сама

11. Таа верува во себе

Таа не прифаќа негативен одговор. Кога станува збор за остварување некои цели, таа секогаш пронаоѓа пат до нив.

12. Таа ќе верува во вас

Ако ѝ кажете дека сакате да направите нешто, таа ќе ви помогне да го остварите тоа. Кога ќе дојдат поголеми работи и ќе треба да преземате ризици, таа секогаш ќе стои зад вас и ќе ви биде лојална.

13. Таа не смета дека во сѐ треба да бидете заедно

Во ред е да имате свои амбиции и да сакате да откриете што всушност сакате од животот. Најверојатно и таа го прави истото.

14. Таа е подготвена да биде дел од вашата борба

Силните девојки знаат дека за да се биде успешен, потребно е да се доживее и неуспех!

15. Заедно стигнувате до врвот

Градењето успешен живот заедно и меѓусебната љубов е главната цел од сето ова!

15 работи кои треба да ги знаете пред да почнете да се состанувате со силна девојка која претпочитала да биде сама


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар