15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуации - Part 2

15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуации

8. Ако сте нови во групата

15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуации

Кога се придружувате во нова група, нормално е да не бидете сигурни за тоа што мислат другите за вас. Но, можете да го проверите нивниот говор на телото. Ако се заинтересирани за вас, нивните стапала ќе бидат насочени кон вас, а не само главите. Можете да сфатите дали вашето присуство не е добредојдено со тоа што ќе забележите дали тие ги насочуваат стапалата настрана. Ова функционира и во друштво и кога станува збор за потенцијален партнер.

9. Ако сте дел од расправија

15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуации

Дури и ако некој директно ви вика вам, останете смирени и зборувајте тивко и полека. Кога ќе почувствувате дека другата личност не ви одговара и наместо тоа е гласна, само почекајте и одржете го вашиот глас смирен. По некое време, вашиот мирен пристап ќе влијае врз личноста и таа ќе престане да вика.

10. Доколку не го добиете одговорот што го сакате

15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуации

Откако ќе поставите некое прашање, можеби ќе треба повеќе време за да го добиете одговорот, особено ако е незгоден или вознемирувачки за другата личност. Но, не дозволувајте нивното одолговлекување да ве присили да се откажете. Молчете, гледајте ја личноста во очи и оставете ја да зборува. На крајот ќе го добиете одговорот.

11. Ако одите на прв состанок

15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуации

Првиот состанок може да биде многу непријатен ако не го испланирате добро. За да избегнете таква ситуација, одете на некое возбудливо место што ќе го ви го поткрене адреналинот. Каква возбудлива активност ќе изберете зависи од карактеристиките на потенцијалниот партнер, така што можеби ќе треба прво да се запознаете. Сепак, личноста ќе ја поврзе возбудата со вас и ќе претпостави дека уживате во времето поминато со неа.

12. Ако сакате да извршите притисок врз некого додека разговарате

15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуации

Можеби ќе откриете дека некој лаже или заобиколува некоја тема за да избегне соочување. Ако личноста треба да признае нешто или да сподели повеќе информации, подигнете ги веѓите и одржувајте контакт со очите за да го зголемите притисокот. Тоа ќе направи да се почувствува психолошки послабо и двајцата ќе дојдете до меѓусебно разбирање.

13. Ако мислите дека ве набљудуваат

15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуации

Ако мислите дека некој ве набљудува или ве следи, можете да го искористите овој навистина едноставен трик за да бидете сигурни. Само проѕевајте се! Ако навистина ве набљудува, личноста исто така ќе се проѕева, па бегајте подалеку од неа.

14. Ако имате проблем да ги натерате вашите деца да направат нешто

15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуации

Не прашувајте ги децата дали сакаат да направат нешто. Само дајте им опции да изберат, без да бидат премногу збунувачки. На пример, ако сакате да ги натерате да јадат брокула, прашајте ги дали сакаат 2 или 3 парчиња. И покрај тоа што може да се спротивстават, постојат шанси дека ќе донесат „возрасна“ одлука и ќе бидат поодговорни.

15. Ако сакате да заплашите некого

15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуации

Избегнувањето тепачка е подобро решение отколку да се впуштите во тепачка. Ако некој се обидува да ве испровоцира да се тепате, искористете ја моќта на контактот со очи. Погледнете ја личноста во очи, стојте одлучно, движете го погледот надолу кон нејзините нозе и повторно вратете го погледот на нејзините очи. Потоа, погледнете настрана. Ова ќе ѝ даде до знаење на личноста дека сте процениле дека таа не претставува закана за вас.

Прочитајте кои 7 скриени трикови ги користат работодавците во текот на интервјуто за работа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар