15 нешта кои можат да ги сфатат само оние кои имаат постара сестра

Растењето со постара сестра може да има и позитивни и негативни страни, но таа сепак е најдобриот подарок кој некогаш сте го добиле. Вие однапред ќе знаете што ве чека во животот, секогаш ќе имате личност на која можете да се потпрете и која ќе ве заштитува до крајот. Па, доколку имате постара сестра, тогаш дефинитивно ќе ја пронајдете во следниве 15 нешта…

15 нешта кои можете да ги научите само од вашата постара сестра

1. Таа однапред ве предупредува за сите оние нешта кои ве чекаат

Кога станува збор за сите оние лоши нешта кои можат да ви се случат додека растете, поголемата сестра може времено да ве предупреди со цел да ви помогне полесно да се справите со нив. Бидејќи таа веќе поминала низ сите овие нешта, може дури и да ви помогне целосно да ги спречите. Доколку решите да ја послушате.

2. Таа ве заштитува, дури и кога не е во близина

Училиштето може да биде тешко, но со добар животен учител вие многу полесно можете да се справите со сите оние „пријатели“ чија единствена мисија е да ви го загорчат животот. Од друга страна пак, бидејќи сите ја познаваат, големи се шансите дека токму поради неа можеби и никој нема да сака ни да ве допре.

3. Таа е брутално искрена со вас

Доколку некој ќе ви ја каже вистината онака како што навистина е, тогаш тоа ќе биде вашата поголема сестра. Без разлика колку се тешки нејзините зборови, вие знаете дека таа ги искажува со љубов и со цел да ви помогне.

4. Нејзините познанства ќе ви помагаат во текот на целиот живот

Во детството таа била вашиот „штит“, но тоа не престанува откако ќе пораснете. Денес, нејзините познанства можат многу да ви помогнат како за социјалниот, така и за професионалниот живот.

5. Нејзините совети ќе бидат засекогаш врежани во вашата глава

И ќе ве водат кон вистинскиот пат во животот. Доколку некогаш ви е потребен совет или каква било поддршка, таа е секогаш тука за вас. Без разлика за што станува збор. Едноставно не постои подобар совет од оној кој е настанат преку искуство.

(1) 15 нешта кои можете да ги научите само од вашата постара сестра

6. Таа го крши мразот кај вашите родители

Започнувајќи од лудото однесување во адолесценцијата, па сè до бракот и децата, вашите родители веќе ги поминале овие нешта со неа, па токму затоа и знаат точно како да се однесуваат со вас без притоа да прават драматични сцени.

7. Таа секогаш ви опростува

Одберете која било личност од вашето друштво и замислете како ја удирате, ја кубете, ја нарекувате со погрдни зборови, па дури и ѝ велите дека ја мразите… Што мислите, како таа ќе се чувствува и дали ќе продолжите да се дружите? Најверојатно не. Но, сестрите едноставно не можат да си останат лути едни на други бидејќи неизмерно се сакаат.

8. Таа знае како да ја преземе улогата на одговорната личност

Кога станува збор за семејни настани или родендени, вашата сестра е секогаш тука да ве потсети на датите и да ги организира средбите.

9. Таа долго време беше или сè уште е вашиот личен шофер

Кога вашата сестра ја добила својата возачка дозвола, вие сигурно сте се радувале повеќе и од неа бидејќи сте знаеле дека отсега па натаму секогаш ќе имате превоз. Исто така сте се чувствувале многу кул затоа што сите ваши пријатели доаѓале со нивните родители, додека вие сте се возеле до училиште или на други места со неа.

10. Таа никогаш не ве издавала

Без разлика што сте направиле, таа никогаш нема да ја пренесе вашата вина на родителите и ќе направи сè што е во нејзина моќ да ве заштити. Дури и кога не го одобрува вашето однесување.

(2) 15 нешта кои можете да ги научите само од вашата постара сестра

11. Таа ви го олеснила основното училиште

Сите учителки ве познаваа како помалата сестра на ученичка со добра репутација и високи оценки. Токму затоа и вие многу лесно ги добивавте вашите оцени, како и брзо ви опростуваа за вашето лошо однесување само бидејќи во вас ја гледаа вашата постара сестра.

12. Таа отсекогаш била вашиот личен стилист

Вие не можете да замислите да облечете одредена модна комбинација без претходно да се консултирате со неа. Истото важи и за фризурата. Таа отсекогаш имала одличен вкус за модата, која потоа го пренела и врз вас.

13. Таа е единствената личност со која можете да разговарате за вашите фамилијарни проблеми

Доколку вашето семејство или фамилија поминуваат низ тешки периоди, таа е секогаш тука да ве ислуша и да ви помогне побрзо да ги надминете потешкотиите. Всушност никој друг не би можел да ве сфати онака како што ве сфаќа таа, бидејќи и двете се наоѓате во истата ситуација.

14. Таа го чува вашиот грб

Кога ќе настанат недоразбирања помеѓу вас и одредена личност, таа е секогаш тука безусловно да ве поддржува. Дури и покрај тоа што знаете понекогаш и самите да се карате, таа од вашето раѓање навива само за вас.

15. Таа ви дава одлични љубовни совети

Таа ве познава толку добро, што знае точно што да каже со цел да ви биде подобро. Без разлика дали станува збор за раскинување или за дилема на оваа тема, таа ќе ве сослуша, а потоа и ќе ви го даде најдобриот совет за вас.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар