15-минутна рутина за вежбање за рамен стомак

15-минутна рутина за вежбање за рамен стомак

Веројатно досега сте донеле одлука да го промените начинот на живот, да се храните здраво и да вежбате. Но доколку сè уште не сте подготвени за оваа драстична промена, има надеж и за вас.

15-минутна рутина за вежбање за рамен стомак

Иако вежбањето е долготраен процес кој бара секојдневен труд, постојат некои комбинации на вежби што ќе ви го направат тренингот поефикасен, и тоа за пократко време.

Стомакот е еден од најпроблематичните делови од телото бидејќи масните наслаги најлесно се таложат овде. За да го добиете стомакот од соништата, да ги стопите мастите и да го обликувате мускулите, потребна е комбинација од активен тренинг и правилна исхрана.

Намирниците што ги внесувате се одговорни за вашиот изглед. За да го намалите стомакот, важно е вашата исхрана воглавно да се состои од овошје, зеленчук, немасно месо и житарици, а уште поважно е да пиете и многу вода.

Можете го обликувате стомакот со разни кардио вежби и вежби со тежина. Дури откако ќе се ослободите од сите масни наслаги, можете да почнете со вежби чија цел е обликување на стомачните мускули.

Важно е да знаете дека нема потреба да вежбате по неколку часа за тренингот да биде ефикасен. Понекогаш доволни се и 15 минути, под услов вежбите да бидат со висок интензитет. Доколку не знаете со какви вежби да почнете, на видеото во продолжение погледнете ја одличната 15-минутна рутина за рамен стомак.

Пробајте го и овој фитнес предизвик за затегнување на целото тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар