15 клучни разлики помеѓу оној кој е само „Засега“ и оној кој е „Засекогаш“

Велат дека кога ќе го запознаете вистинскиот, едноставно ќе знаете. Некако, необјасниво, вие треба да запознаете некој и магично да почувствувате дека тој е мажот со кој ќе го поминете остатокот од вашиот живот. Реално, да беше толку лесно сите ќе беа веќе во брак, се согласувате?

15 клучни разлики помеѓу оној кој е само „Засега“ и оној кој е „Засекогаш“

Понекогаш работите можат да бидат многу комплицирани и без разлика на вашиот труд вие воопшто да не сте сигурни дали момчето покрај вас е оној вистинскиот, оној кој ќе остане засекогаш со вас. Токму затоа погледнете ги овие клучни разлики помеѓу оној кој е само привремено во вашиот живот и оној кој со сигурност планира да остане малку подолго покрај вас…

1. „Засега“ се опијанува со вас; „Засекогаш“ ве носи дома кога сте пијани

Оној кој ќе остане засекогаш покрај вас треба да ве види и во вашето најлошо светло, додека пак оној кој е тука само денес нема да се потруди да ви помогне ни со мамурлакот.

2. „Засега“ никогаш не ви дозволува да се чувствувате целосно опуштено покрај него; „Засекогаш“ ви дозволува да бидете 100% вие

Оној кој е вистински за вас никогаш нема да прави да се чувствувате лошо поради некоја ваша маана бидејќи тој ќе ве сака онакви какви што навистина сте. Но, покрај оној кој е тука само привремено вие никогаш нема да можете целосно да се опуштите.

3. „Засега“ не ги знае ни вашите размислувања; „Засекогаш“ ги поддржува вашите соништа

Оној кој планира да биде со вас засекогаш ве цени и почитува поради вашите разлики и вредности, за разлика од оној кој воопшто не ве ни прашува како се чувствувате подлабоко во вас.

4. „Засега“ ве изнесува на состаноци надвор; „Засекогаш“ сака кога останувате дома

Оној кој ќе биде вашиот „Засекогаш“ ќе се чувствува одлично покрај вас дури и ако само седите на каучот и не правите ништо. Од друга страна пак, оној кој е покрај вас само привремено нема да знае како да се однесува доколку не сте во јавност, опкружени со луѓе.

5. „Засега“ сака само да ве однесе во кревет; „Засекогаш“ сака да има деца со вас

Оној кој планира да остане покрај вас, веќе ве замислува како идна мајка на неговите деца, за разлика од оној кој е само моментално покрај вас и кој размислува само за секс.

6. „Засега“ ви пишува пораки за добра ноќ; „Засекогаш“ ви се јавува да ви каже добро утро

Мажот кој сака да биде во вашиот живот засекогаш е оној кој се јавува со цел да ви го слушне гласот. Оној кој не се грижи многу за вас едвај ќе се натера да ви пише една порака.

7. „Засега“ прави планови за вечерта; „Засекогаш“ прави планови за останатиот дел од вашиот живот

Вашиот иден сопруг веќе знае што да очекува од вашата врска во наредните неколку години, за разлика од вашето привремено момче кое не знае каде ќе излезете ни наредниот викенд.

8. „Засега“ е заменлив; „Засекогаш“ е незаменлив

Кога ќе го најдете оној со кој би сакале да го поминете остатокот од вашиот живот, вие ќе го знаете тоа длабоко во себе. Од сите ваши момчиња, вие за него отсекогаш сте се чувствувале малку поразлично.

9. „Засега“ ви се допаѓа; „Засекогаш“ е вашата љубов

Оној кој го сакате со целото ваше срце и душа е и оној кој знаете дека ќе остане покрај вас засекогаш. Сите чувства кои претходно сте ги доживеале за другите момчиња не можат воопшто ни да се споредат со она што го чувствувате за вашиот „Засекогаш“.

10. „Засега“ не се познава доволно; „Засекогаш“ покрај вас постојано учи нешто ново за себе

Оној кој ќе биде ваш сопруг знае многу нешта за себе, но покрај вас тој ќе научи уште толку. Сите оние други со кои сте биле во врска не знаеле што сакаат, а уште помалку ви дозволувале да го откријат тоа покрај вас.

11. „Засега“ е тука само за викендите; „Засекогаш“ е тука секојдневно

Вашиот иден сопруг не е оној тип на маж кој планира само да се забавува со вас бидејќи тој е презафатен градејќи ја вашата заедничка иднина. Сите останати размислуваат за вас од викенд на викенд и не ги интересира што се случува помеѓу овие денови.

12. „Засега“ ви е забавен само откако ќе испиете неколку пијачки; „Засекогаш“ ви е забавен и кога сте целосно трезни

Вие не треба да бидете пијани со цел да чувствувате привлечност кон мажот на вашите соништа. Од друга страна пак, за сите оние моментални партнери ви биле потребни неколку пијачки со цел да можете да се справите со нив.

13. „Засега“ не ви одговара целосно; „Засекогаш“ е вашиот совршен партнер

Не постои ништо што би сакале да го промените кај оној кој ќе биде во вашиот живот засекогаш. Сите оние други момчиња со кои сте биле врска имале нешта кои вие едноставно никогаш не би можеле да ги трпите.

14. „Засега“ ја држи вашата рака; „Засекогаш“ го држи вашето срце

Оној кој е вистински за вас е личноста на која ќе ѝ го дадете целото ваше срце, за разлика од оној кој е само моментално покрај вас и на кој му верувате едвај и со вашата рака.

15. „Засега“ значи дека барате нешто подобро; „Засекогаш“ значи дека веќе сте го нашле

Можете слободно да престанете со потрагата кога ќе налетате на вашиот „Засекогаш“. Вие претходно постојано сте барале нешто подобро, но сега откако тој е покрај вас вие можете конечно да бидете мирни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар