15 физички последици од скршеното срце

15 физички последици од скршеното срце

Никој не сака да заврши со скршено срце. Но, ако ја погледнеме големата слика, овие моменти се лекции, како и можности за зајакнување на духот. Иако можеби има и некои предности, скршеното срце има и физички последици. Кога ќе дознаете кои се, ќе можете подобро да се разберете и вие, и луѓето околу вас кои се во иста ситуација.

15-fizichki-posledici-od-skrshenoto-srce-kafepauza.mk

1. Физичка болка

Некои од најчестите болки кои се чувствуваат се главоболка, болка во стомакот или буквално болка во срцето. Менталниот и емоционалниот стрес се манифестираат преку овие физички болки.

2. Нивото на стрес се зголемува

Стресот не е добар за нашето тело. Иако понекогаш тој нè тера да направиме некоја промена, премногу стрес има негативни последици на здравјето. Најдобро е во овие моменти да се релаксирате и да одвоите повеќе време за вас.

3. Промена во апетитот

Многу луѓе целосно забораваат на своите потреби, па може и воопшто да не јадат. Поради ова слабеат. Други пак се справуваат со скршеното срце со храната која им дава некаква утеха, па поради ова може да се здебелат.

4. Чувство на голема тага

Нормално е да бидете тажни, но ако не можете да излезете од таа состојба, вашата тага може да се претвори и во депресија. Ако почувствувате дека сте психолошки нестабилни, разговарајте со некој и побарајте помош.

5. Намалена концентрација

Бидејќи вашиот ум е оптоварен со многуте емоции кои доаѓаат со скршеното срце, може да забележите намалување на концентрацијата. Ова резултира со многу грешки на работното место но и во други задачи кои претходно сте ги извршувале одлично. Затоа после ваква епизода, најдобро е да одморите од вашата секојдневна рутина.

6. Забавување на срцето

Нормално е оваа состојба да има влијание на вашето физичко срце. Но, ако забележите големи промени, консултирајте се со вашиот лекар. Може да бидете „погодени“ од синдромот на скршено срце кој се појавува во вакви ситуации.

7. Проблеми со спиењето

Ќе имате проблеми со спиењето бидејќи навечер постојано ќе мислите на личноста која ве повредила. Без разлика колку се обидувате, сонот никако не може да дојде. Обидете се да слушате тивка музика која ќе ве опушти.

8. Зголемена чувствителност

Кога сте во болна ситуација, вие станувате ранливи. Дури и најмалите забелешки може да ве повредат повеќе отколку што треба. Ако можете, избегнувајте ги негативните луѓе и ситуации. Во овие моменти не ви е потребна дополнителна негативна енергија.

9. Ќе сакате да бидете сами

Кога сте повредени, нормално е да имате потреба да бидете сами. Самотијата може да ви помогне полесно да ја надминете болката. И се разбира, не сакате другите да ве гледаат во оваа ранлива состојба.

10. Синдром на повлекување

Овие симптоми се нормални после скршено срце. Вие сте биле навикнати на некој што одеднаш исчезнува од вашиот живот. Оваа разделба е вистински шок за вас. Исто така, рутината која сте ја имале со оваа личност исчезнува и целиот ваш живот ќе се промени.

11. Нередовни менструални циклуси

Научниците истражувања покажале дека стресот може да води до одложени или нередовни менструални циклуси. Скршеното срце не само што ги повредува чувствата на жената, туку има влијание и на нејзината женственост.

12. Намален имунитет

Бидејќи стресот го ослабува телото, со него ослабува и вашиот имунитет. Ова ви го зголемува ризикот од разни болести и инфекции. Обидете се да не дозволите вашето скршено срце да ве доведе до овде.

13. Паѓање на косата

Паѓањето на косата е неизбежен ефект од стресот. Обидете се да се опуштите и да правите работи кои ви причинуваат задоволство за да не му дозволите на стресот да ве обземе.

14. Болни менструални циклуси

Стресот може да предизвика болки кај жените за време на нивниот циклус. Обидете се да правите некои вежби кои ќе го намалат интензитетот на болките. Или пак, разговарајте со вашиот лекар за некои лекови кои ќе ви помогнат.

15. Сомневање во себе

Кога ви е скршено срцето, нормално е да се сомневате во себе и да се прашувате за вашата вредност. Ова се случува бидејќи скршеното срце ја разнишува вашата самодоверба. Во ред е да се чувствувате вака, но немојте да заглавите во оваа состојба.

Заклучок

Скршеното срце не мора да биде од романтичен партнер кој ве повредил. Тоа може да биде резултат на семеен конфликт, проблеми кај пријателството или губење на довербата во некого. Каква и да е ситуацијата, запомнете дека е во ред да се чувствувате вака, но не дозволувајте тоа да трае предолго. Она што е важно е лекцијата која сте ја научиле и силата која сте ја стекнале од ова искуство.

Погледнете и зошто скршеното срце може да биде добро за љубовта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар