14 знаци дека не се почитувате доволно себеси

14 знаци дека не се почитувате доволно себеси

Понекогаш сме премногу строги со себеси. Самите си нанесуваме болка, мислејќи дека тоа е во ред, но не е. Никогаш нема да го извлечеме најдоброто до себе доколку водиме битка со нашето внатрешно „јас“. Мора да се грижиме за себе психички и физички. Прочитајте ги следниве 14 знаци и дознајте дали се почитувате доволно себеси…

14 знаци дека не се почитувате доволно себеси

1. Не си го следите срцето

Повеќе размислувате со главата одошто со срцето. Иако понекогаш навистина треба да си го слушате разумот, неопходно е да му дадете глас и на срцето. Само затоа што чувствувате пеперутки во стомакот, не значи дека ќе ви се случи нешто лошо. Потребно е да си го слушате срцето одвреме-навреме.

2. Не можете да го надминете минатото

Премногу ве обземаат работите што сте ги направиле во минатото. Мора да се соочите со проблемите од минатото и да ги надминете.

3. Ги криете емоциите

Ги потиснувате вашите емоции, наместо да се справите со нив. Ваквото игнорирање на чувствата може да предизвика долгорочни проблеми. Престанете да ги отфрлате деловите од себе што не ви се допаѓаат.

4. Кажувате бели лаги

Вашиот недостаток на самодоверба ве навел да верувате дека белите лаги се неопходни. Престанете да се газите себеси и сфатете дека не треба никого да импресионирате.

5. Им дозволувате на другите луѓе да ве контролираат

Никој не треба да ви кажува што да правите со животот и како да живеете. Вие самите треба да донесувате одлуки. Секако дека треба да побарате совет понекогаш, но не мора да го следите по секоја цена.

6. Многу често сте гневни

Ако поголемиот дел од времето сте лути, тогаш сигурно постои добра причина за тоа. Лутината доаѓа однатре. Ако сте ги потиснувале вашите емоции, тогаш неизбежно е многу да се разлутите во одреден момент.

7. Правите работи што не ви се допаѓаат

Секојдневно правите работи што не ви причинуваат задоволство. Ова им штети на вашиот ум и тело. Никогаш не треба да правите нешто што не ви се допаѓа. Ако си ја мразите работата, најдете работа што ќе ја сакате. Овие одлуки се многу полесни одошто мислите.

14 знаци дека не се почитувате доволно себеси

8. Секогаш ги ставате другите луѓе на прво место

Треба да се ставате себеси на прво место. Грижата за себе треба да биде вашиот главен приоритет. Немојте да се лишувате од нештата што ви требаат за да бидете среќни.

9. Ви треба туѓото одобрување

Само затоа што ви недостасува нешто во животот, не значи дека ќе го најдете кај другите луѓе. Барајте го вашето сопствено одобрување.

10. Ги осудувате другите и себеси

Оваа навика нема да одведе никаде. Тоа само покажува колку сте несреќни. Никој не сака да биде опкружен со луѓе кои осудуваат.

11. Постојано се споредувате со другите

Вие сте единствени и никој не е совршен. Можеби колешката од работа навистина има поубав нос од вашиот, но и таа мрази некои работи кај себе. Зошто да се опседнувате со работи кои не можете да ги контролирате?

12. Многу сте строги кон себеси

Кога некој друг ќе згреши нешто, тоа не е голема работа, но ако вие згрешите, тогаш веднаш почнувате да се чувствувате лошо. Не се разочарувајте, бидејќи сите правиме грешки.

13. Им дозволувате на луѓето да ве повредуваат

Им дозволувате на луѓето да влегуваат и да си одат од вашиот живот како ќе им текне. Сите ве газат и тоа мора да престане. Вредите повеќе од луѓето кои ве повредуваат. Нареден пат кога некој ќе си замине од вашиот живот, затворете ја вратата засекогаш.

14. Прифаќате помалку одошто заслужувате

Не целите високо. Задоволни сте со работите што ви биле дадени и не сметате дека заслужувате нешто подобро. Не заборавајте дека заслужувате повеќе и треба да се стремите кон тоа.

Прочитајте ги и следниве 4 причини зошто не е добро да се споредувате со другите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар