13 работи со кои е крајно време да се збогувате

Дали сте забележале како понекогаш се нервирате за некои работи кои подоцна ви делуваат неверојатно смешни? Или, пак, премногу посветувате внимание на непотребни нешта кои излегуваат дека се потполно незначајни? Не сте единствени. Сите ние имаме некои свои бубачки поради кои често се оптоваруваме многу повеќе отколку што треба, па што би се рекло, правиме од мравка слон. Доколку се пронаоѓате во ова, тогаш време е и вие конечно да промените некои свои навики. Започнете со следниве. Престанете…

(0)-13-raboti-so-koi-e-krajno-vreme-da-se-zboguvate-kafepauza.mk

1. Да планирате средби со луѓе кои всушност не сакате да ги видите за да правите работи кои не сакате да ги правите

Животот е премногу краток за да губите време на луѓе кои не ги сакате во вашиот живот нели?

2. Да се трудите секогаш да облечете исти чорапи

На крајот на денот, навистина воопшто не е важно дали чорапите се иста боја или не.

(1)-13-raboti-so-koi-e-krajno-vreme-da-se-zboguvate-kafepauza.mk

3. Да се грижите дали ќе го/ја најдете вистинскиот/ата

Иронично е што, во поголемиот број случаи, токму кога престанувате да трагате по нешто, тоа се појавува неочекувано пред вас. Уживајте во секој момент, а сè друго ќе си дојде на свое место.

4. Да се нервирате поради малку лајкови на социјалните мрежи

Можеби за промена би било поубаво доколку навистина излезете со пријателите на кафе и си помуабетите.

(2)-13-raboti-so-koi-e-krajno-vreme-da-se-zboguvate-kafepauza.mk

5. Да се плашите дека пропуштате многу

Сигурно се случило да има две места на кои би сакале да бидете во исто време, но мора да одберете едно, па се чувствувате дека пропуштате многу во меѓувреме. Но навистина не е така. Има причина зошто сте го одбрале местото на кое се наоѓате. Поминете си убаво.

6. Да се обидувате да изгубите само уште некој килограм

Постојаната оптовареност со тежината влијае лошо на психата, а на крајот на краиштата, многу работи се повкусни од вкусот на коска и кожа тело.

(3)-13-raboti-so-koi-e-krajno-vreme-da-se-zboguvate-kafepauza.mk

7. Да носите чевли кои не се удобни

Вистина е дека за убавина се поднесува многу, но неудобните чевли кои ви предизвикуваат огромна болка само ќе влијаат негативно на што и да правите.

8. Да се чувствувате лошо поради спиењето до доцна за време на викендите

Секој заслужува одмор нели?

9. Да се однесувате како што вашите блиски очекуваат

Никој не е совршен, па не е логично да мислите дека треба да се однесувате така. Фактот дека се однесувате поинаку од она што тие сметаат дека е правилно, не значи дека вашето однесување е погрешно.

10. Да јадете безглутенска храна

Живеете само еднаш и тоа е кратко време за да се лишите од сите преслатки деликатеси кои постојат, не мислите така?

(4)-13-raboti-so-koi-e-krajno-vreme-da-se-zboguvate-kafepauza.mk

11. Да планирате епски родендени

Едноставното е секогаш подобар избор од кичот. Купете пиење и грицки, викнете го друштвото и загарантирано имате подобра забава од која било друга идеја која ви паднала на памет.

12. Да се обидувате да ги направите сите среќни

Убаво е кога луѓето околу вас се насмеани и задоволни, но тоа не е секогаш ваша грижа. Го правите најдоброто што знаете, но повеќе од тоа не можете.

13. Да не се осудувате да ја исфрлите старата облека од плакарот

Постои едно правило кога станува збор за облеката, а тоа е дека доколку некое парче го немате облечено повеќе од 6 месеци, тогаш веднаш треба да го исфрлите од вашиот плакар. Кога цели 6 месеци не сте се одлучиле да го облечете, дали навистина мислите дека ќе го направите тоа во блиска иднина?

(5)-13-raboti-so-koi-e-krajno-vreme-da-se-zboguvate-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар