13 нешта кои ќе ги разберат само оние кои имаат помала сестра

13 нешта кои ќе ги разберат само оние кои имаат помала сестра

Ништо не може да ја надмине поврзаноста која постои помеѓу две сестри. Тие од мали нозе растат една покрај друга, следејќи ги нивните промени и учејќи сè што може да се научи една за друга. Тие неверојатно добро се познаваат и секогаш се тука за поддршка во лошите денови. Сестрите се бесценето богатство, особено оние помалите, па токму затоа само оние кои ги имаат ќе ги разберат овие нешта…

13 нешта кои ќе ги разберат само оние кои имаат помала сестра

1. Тие прават да се почувствувате како мајка

Вашата помала сестра, без да знае, сигурно веќе ви го овозможила вашето прво искуство како мајка. Вие сте биле во ситуација кога сте се погрижиле дека таа станала навреме и дека нема да доцни на училиште. Или пак, кога вашите родители излегле со пријатели, вие сте биле таа која ја чувала.

2. Поддршка во доцните часови

Многу често се случува сестрите да делат соба, па и покрај жалбите дека немаат доволно приватност, делењето простор со сестра делува многу природно. Не се сите храбри да спијат сами, па дури и покрај тоа што големите сестри треба да бидат оние храбрите и силните, многу е утешно кога ќе ја видите вашата помала сестра како слатко спие во ваша близина. И да не заборавиме на сите оние ноќи кои сте ги поминале во разговор и споделување тајни кои само вие две ги знаете…

3. Таа е првата која ќе ја чуе вашата новооткриена мудрост

Со годините и искуството доаѓа и мудроста, па токму затоа доколку вашата помала сестра се најде во опасна ситуација низ која и вие самите сте поминале, тогаш големи се шансите дека ќе се активира вашиот „поголема сестра“ аларм. Вие ќе го споделите вашиот совет со неа и, и покрај тоа што во моментот таа може да дава отпор, за некое време ќе ви биде благодарна. Вашата сестра е првата личност која сте подготвени да ја заштитувате од сè и по секоја цена.

4. Вашите пријатели ја обожаваат

Таа е вашата помала сестра, па токму затоа и вашите пријатели автоматски ја сакаат. Дури и некогаш кога посакувате да ја одделите од групата, мора да признаете дека нејзиното присуство ги прави работите многу позабавни.

5. Никој не ја „закача“ вашата помала сестра… освен вие.

Сите нејзини пријатели знаат дека вие сте ѝ поголемата сестра, па токму затоа им е забрането дури и да ја допрат. Но, доколку таа сепак успее да западне во одредена неволја, вие сте подготвени да се борите со цел да ја заштитите и одбраните.

6. Имате сопствен јазик

Бидејќи поминувате многу време заедно, вие не само што многу добро знаете невербално да комуницирате, туку и сте нашле свој начин на вербална комуникација кој другите не го разбираат. Токму затоа секогаш имате нешто што е само ваше и што може да ве насмее дури и во моментите кога сте опколени со голема група луѓе.

7. Таа секогаш ве изненадува

Кога имате лош ден и сакате само да се изолирате од светот и да се затворите помеѓу 4 ѕида, таа многу често знае да ве изненади и да го подобри вашето расположение. Никогаш не се двоумете во неа, бидејќи не знаете за што сè е способна. Можеби досега не сте забележале, ама таа навистина добро пее и уште подобро готви, па токму овие нешта ќе ги употреби за да ве расположи. Дури и доколку сте имале некое недоразбирање, таа на крајот од денот секогаш ќе ви се насмевне и ќе ве прегрне.

8. Невозможно е да ѝ се налутите

Таа може да биде комплицирана, тешка, разгалена и невозможна. Сите сестри се караат до одредена возраст, но најдоброто нешто при овие расправии е фактот што едноставно не можете долго време да ѝ останете лути. Без разлика на тоа што го направила, таа е вашата помала сестра и токму затоа секогаш ќе ви биде слатка.

9. Ве познава подобро од сите останати

Таа ги слушнала зборовите кои ги шепотите во сон, знае колку гласно рчите и да не заборавиме, големи се шансите дека ве видела гола и знае точно како изгледате под вашата облека. Таа секогаш ви ги подарува најдобрите роденденски подароци само затоа што вистински ве познава. Таа има неверојатна способност да ги открие вашите чувства, дури и во оние моменти кога мислите дека одлично ги прикривате. Токму тоа треба да го цените!

10. Таа никогаш не ве заборава

Без разлика колку пријатели има во моментов или ќе има во иднина, таа никогаш нема да го заборави својот најдобар пријател – вие! Малите сестри се неверојатно лојални и секогаш се на ваша страна во животот, стоејќи рамо до рамо покрај вас и во добри и во лоши времиња.

11. Таа ве спречила да правите многу глупави нешта

Малите сестри се чувствуваат одговорни да ве спречат да ги направите оние нешта за кои тие знаат дека некој ден ќе се каете. Доволно е само еден поглед од нивна страна и вие веќе знаете дека не треба да го направите тоа. Понекогаш дури и не се грижите за она што ќе го кажат вашите родители, но секогаш ја имате на ум вашата мала сестра бидејќи нејзиното мислење ви е поважно од сè. Токму затоа големи се шансите дека вашата мала сестра е главниот фактор што сте се развиле во одговорна возрасна личност.

12. Таа секогаш е тука да ве ислуша

Во оние тешки тинејџерски фази, доколку вашите родители не можат да допрат до неа, големи се шансите дека вие ќе успеете да го сторите тоа. Бидејќи сте поблизу до нејзината возраст, таа знае дека со вас може да разговара за сè. Вие сте нејзиниот извор на утеха, но исто така сте и водич за нејзиниот живот. Дури и во оние моменти кога ви изгледа како да не ве слуша, вашите зборови ѝ значат повеќе отколку што можете да замислите.

13. Гледањето како расте ви побудува многу чувства

Вие активно ги следите сите големи фази во нејзиниот живот. Сте биле таму да ѝ помогнете кога тргнала прв пат на училиште, кога требало да одбере факултет, но и кога дипломирала. Вие сте биле строги кон нејзиното момче затоа што знаете дека таа вреди, а на нејзината свадба – сигурно не сте можеле да престанете да плачете од среќа. И покрај тоа што таа е веќе возрасна личност, во вашите очи секогаш ќе биде вашата мала и слатка сестра која е огромен дел од вашиот живот и секогаш ќе бидете горди на неа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар