12 убави нешта што можете да ги направите за себе наместо да страдате во лоша љубовна врска

Многу луѓе се плашат од чувството на осаменост и кога ќе стават крај на љубовната врска, прават сè што е можно за да пронајдат нов партнер, којшто ќе им ја пополни таа празнина. Но, можеби токму тогаш е вистинскиот момент да престанете да го форсирате љубовниот живот и за промена, да почнете вистински да уживате во животот. Воедно, научниците сметаат, дека не мораат сите луѓе да бидат во романтична врска, за да се чувствуваат среќно. Доколку не сакате да имате недоразбирања и проблеми со други луѓе и се чувствувате скршено секогаш кога такво нешто ќе се случи, можеби и вие сте едни од овие типови луѓе.

12 убави нешта коишто треба да ги направите за себе, по завршувањето на лоша љубовна врка

Во продолжение, прочитајте ги овие 12 причини, зошто е убаво да се биде сингл, па можеби и вие ќе ја успеете да ја пронајдете убавината и слободата, на еден поинаков начин.

1. Не морате да се карате за просторот во креветот

Ако сте сингл и имате милениче, тоа е единственото нешто што сега зафаќа место на креветот во вашата спална. Но, со него, бар нема да се карате бидејќи ви го земало ќебето, така?

2. За викендите, можете да спиете до пладне

Доколку немате партнер и немате планови за во сабота наутро, најдоброто нешто што можете да го направите за себе, е квалитетно да се наспиете и одморите. Од друга страна, ако тоа не ви е потребно, можете да се разбудите и во 5 часот наутро и да појдете на џогирање. Одлуката зависи само од вас самите, не од некој друг!

3. Можете да прочитате еден тон книги

Можете да си ја купите „50 нијанси сиво“ или да прочитате книга за физика. Убавината е во тоа што имате време и можност да прочитате сè што ве интересира и ве прави среќни!

12 убави нешта коишто треба да ги направите за себе, по завршувањето на лоша љубовна врка

4. Имате време за учење нешто ново

Како ви се допаѓа идејата да учите втор странски јазик или да се запишете на часови по салса? Можеби пак, вие можете да станете генијален програмер или ве бидува за математика, а сè уште не го знаете тоа за себе?!

5. Можете да станете шеф

Доколку во моментов не сте во врска, време е да направите сè што е во ваша моќ, за да напредувате во вашата кариера, па можеби дури и да станете шефови. Заработувањето повеќе пари, е одлична предност, исто така.

6. Можете да си дозволите некоја интересна авантура

Можете да ја посетите дождовната шума Амазон и да откриете уникатни видови жаби, да волонтирате во интернационална организација во Африка или да ги истражите тајните на некоја дестинација, којашто отсекогаш сте сакале да ја посетите. Сите овие опции, се одличен начин да направите нешто убаво за себе.

7. Можете да бидете каде и да посакате, кога и да посакате

Оние коишто не се во врска, можат буквално да прават што и да посакаат да прават, кога и да посакаат и со кого и да посакаат. Зошто да не поминувате повеќе време со вашите пријатели, кога сега имате доволно време за тоа?

8. Можете да гледате на ТВ сè што ви се допаѓа

Ако сте сингл, никој нема да ви се смее ако повторно сакате да го гледате филмот „Титаник“ и се расплачете на тажните сцени. Никој нема да ви каже дека фудбалот е досаден спорт за гледање. Едноставно, ќе можете спокојно да гледате сè што ве интересира.

9. Можете да имате совршено тело

Кога не сте во врска, можете едноставно да најдете време за да ја посетувате редовно салата за вежбање. Дури и ако сте мачо, никој нема да ви се потсмева ако решите да посетувате часови по јога, за да ја пронајдете вашата психофизичка рамнотежа.

10. Не морате да ги прикривате вашите преференции за храна

Ако не ви се готви, можете едноставно да си нарачате пица, да ја изедете цела и да не ја споделите со никого. Никој нема да биде таму за да ве критикува. Од друга страна, можете и целосно да го промените вашиот начин на исхрана и да станете вегетаријанец, ако тоа е нешто што одамна го посакувате.

12 убави нешта коишто треба да ги направите за себе, по завршувањето на лоша љубовна врка

11. Можете да ги посетите вашите дестинации од соништата

Дали отсекогаш сте сакале да ја посетите Италија, Франција или Индонезија? Што чекате? Купете билет и уживајте остварувајќи го вашиот долгогодишен сон!

12. Можете да си поставите цели и да ги остварите

Во вашиот дневник, запишете ги сите нешта коишто сакате да ги остварите оваа година и работете на реализирање на вашите амбиции и соништа.

Вистината е, дека доколку сфатите дека не секогаш ви е потребен партнер и успеете да ја пронајдете слободата во тоа самите да се грижите за себе, ќе забележите дека чувството е ослободувачко! Имате нешто коешто би сакале да го додадете на листава на работи, коишто можете да ги направите за себе, доколку не сте во љубовна врска? Споделете ги со нас, во секцијата за коментари, подолу!

Прочитајте и зошто да се биде сингл е чудна форма на сила.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар