12 причини зошто комплицираната девојка е онаа со која треба да го поминете животот

Логично е мажите да ги избираат едноставните девојки. Ниту едно машко не сака да се оптоварува и заморува со секакви ситници, а уште помалку некоја девојка постојано да му стои над глава и да му кажува што и како.

Затоа со едноставните и молчеливи девојки им е многу полесно. Со нив е лесно да се биде во врска. Тука се, тивки се, се сложуваат со скоро сѐ што ќе им кажат и предложат и скоро никогаш не се расправаат и препираат, а најмалку за ситници. Овие девојки се фини и насмеани и не им треба многу за да се чувствуваат убаво и удобно. За да ги задржи својот и вашиот мир и спокој, подготвена е да се стави себеси и своето размислување на страна, да се убеди себеси дека не е важно и дури и да поверува во тоа. Најмногу од сѐ, покрај таква девојка, машкото може да прави што и да посака, а таа ќе поднесе и многу повеќе од тоа.

(1)-12-prichini-zoshto-kompliciranata-devojka-e-onaa-so-koja-treba-da-go-pominete-zhivotot-kafepauza.mk

Што всушност се случува со комплицираната девојка? Таа размислува. Се бори за тоа што го сака и не се задоволува со малку бидејќи знае точно што заслужува и што ѝ е потребно. Баш затоа секоја ситница ѝ значи и ама баш ништо не ѝ промакнува пред очи и уши. Никогаш не се помирува со она што смета дека не е во ред и праведно, па дава многу повеќе од себе за сѐ и сите што се дел од нејзиниот живот.

Оваа девојка се грижи за луѓето кои ги сака и е сосема очекувано да го посакува и, до некој степен, очекува истото за возврат. Таа го сака најдоброто за себе и го бара истото кај својот партнер, па е подготвена, доколку е потребно, да се расправа за да го добие. Ова е девојката која нема да може да заспие додека не го решите проблемот и која постојано и непрестајно ќе ве сака безусловно.

Ќе анализира и сонува, ќе размислува и ќе се премислува, ќе планира, па таа претставува предизвик во секоја смисла на зборот. Чувствителна и страсна и сигурно ќе ви го направи животот далеку потежок и покомплициран отколку што може да замислите. Па зошто тогаш сепак треба да ја изберете неа?

  1. Ќе ве поттикнува и охрабрува да бидете најдобри што можете.
  2. Ќе ви каже што точно очекува од вас и ќе го исполни својот дел од договорот.
  3. Ќе ја очекува вашата почит.
  4. Ќе разговара со вас до бескрај и назад ако е потребно, за важни и секојдневни работи, а разговорите нема никогаш да бидат сувопарни.
  5. Ќе биде секогаш тука за вас.
  6. Ќе биде страсна и посветена на своите, но и на заедничките интереси.
  7. Ќе се бори за вас и вашите успеси без да земе здив.
  8. Ќе се расправа со вас и нема да ви дозволи да го терате само своето.
  9. Ќе ви биде еднаква и подобра половина.
  10. Ќе ве предизвикува и инспирира.
  11. Ќе ве натера неизмерно да ја мразите и сакате во исто време, а да ја посакувате повеќе од сѐ.
  12. Ќе се случи да биде поразумна и попаметна од вас, а нема ништо повозбудливо од девојка која знае што зборува, што сака и како да го добие тоа.

Врската со комплицираната девојка е предизвикувачка. И да, доколку девојката не е сѐ уште созреана, врската ќе биде жив пекол и мачење. Ќе се расправате за секоја неважна работа и никогаш нема да успеете во обидот да го задоволите секој нејзин хир и да ја направите среќна.

Но, созреаната комплицирана девојка е поразумна и помудра. Ова значи дека ќе биде потребно да давате многу повеќе од себе бидејќи нема да добиете ништо помалку. Ваква врска не е воопшто лесна, најверојатно ќе биде испреплетена со расправии и несогласувања, но едно е сигурно: ќе направи да се чувствувате поживи од кога било. Ќе сакате повеќе од животот, а зборот доволно нема да постои во вашиот речник. Ќе биде страсна и изненадувачка, но секогаш ќе знаете на што сте. Ќе ве исполнува и поттикнува со секој чекор. И никогаш, ама баш никогаш, нема да ви биде досадна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

  1. Ase Reply

    Terminot “komplicirana” ima sosema drugo znacenje, vo ovoj kontekst,ne e najdobro izbran.

Остави коментар