11 знаци што покажуваат дека вашиот партнер е несреќен

11 знаци што покажуваат дека вашиот партнер е несреќен

Многу е лошо чувството кога се сомневате дека вашиот партнер е несреќен. Една љубовна врска треба да нуди удобност и сигурност, а овој сомнеж навистина може да ви ги расипе односите. Дали се ближи крајот? Дали направивте нешто погрешно? Вакви мисли можат постојано да ви се вртат во глава и да се прашувате дали можете да направите нешто околу тоа. Се разбира, доколку премногу ги детално ги анализирате работите ќе се чувствувате полошо отколку што е вистинската ситуација. Можеби вашиот партнер е само под стрес или има некој друг личен проблем. Разговарајте со него и откријте дали нешто навистина се случува и дали вие сте една од причините за неговото однесување. Во продолжение погледнете ги овие неколку знаци кои ќе ви помогнат да го препознаете вашиот проблем.

11 знаци што покажуваат дека вашиот партнер е несреќен

1. Останува доцна на работа

Може да биде малку збунувачки кога вашиот партнер одеднаш ќе почне да останува подолго на работа. Секако дека ова може да се случува поради работните обврски, но доколку го прави тоа често, лесно можете да почувствувате дека тој ве избегнува. За да ја тестирате оваа теорија, обидете се да закажете некој вечерен состанок. Ако партнерот одбива да поминува време со вас, тогаш треба да разговарате отворено за тоа како се чувствува тој. Подобро е да го направите ова отколку да се грижите и да го претпоставувате на најлошото.

2. Тој е намуртен поголем дел од времето

Иако сите понекогаш изгледаме намуртено, ова е особено карактеристично за мажите кои не се задоволни со нивната врска. Така, ќе можете да забележите дека партнерот често е нервозен речиси без причина. Мажите го избираат овој изглед кога се несреќни. Тој исто така може да се чувствува под стрес или да биде вознемирен, без да знае зошто. Ако ова постојано е насочено кон вас, тогаш може да биде знак дека работите не се во најдобар ред.

3. Не се мачи да аргументира

Иако никој не сака да се кара, несогласувањата се дел од проблемите низ кои дури и најсреќните парови поминуваат. Па, ако вашиот партнер одеднаш не сака да аргументира или да ви докажува нешто, тоа е лош знак. Во овие моменти можете да слушнете изрази од типот „Веќе зборувавме за ова“ или пак „Не сакам да зборувам на оваа тема.“

4. Си легнува порано или подоцна од вас

Најчесто среќните парови одат во кревет заедно, користејќи го ова време за секс или пак едноставно за да лежат еден до друг и да уживаат во меѓусебното присуство. Па, забележете дали вашиот партнер легнува порано или подоцна во кревет. Ако работи или пак прави нешто друго важно, тоа е сосема во ред, но доколку нема очигледна причина за неговото однесување, тоа може да биде знак дека едноставно ве избегнува бидејќи е несреќен во врската.

5. Тој ве моли за внимание

Дали вие сте оние кои постојано се зафатени? Ако не му го давате потребното внимание на вашиот партнер, тој може да се чувствува малку запоставено. Затоа, трудете се да поминувате малку повеќе време заедно или пак едноставно замолете го за мала „помош“ околу работата, каде што ќе бидете вклучени и двајцата.

11 знаци што покажуваат дека вашиот партнер е несреќен

6. Повеќе нема доверба во вас

Ако пријателите на вашиот партнер постојано ги слушаат најновите вести пред вас, тоа може да покажува дека тој повеќе нема доверба во вас или пак смета дека веќе немате што да кажете околу тоа. Ако ова е проблем кој е присутен во вашата врска, тогаш да, најверојатно вие или вашите навики го туркаат подалеку од вас.

7. Смета дека сте премногу досадни

Ако вашиот партнер порано сметал дека вашите навики се слатки, но сега ги смета за досадни, ова може да биде знак дека тој сака да ја прекинете врската. Се разбира, вие не сте се промениле и не правите ништо лошо, но вашиот партнер е несреќен и сите работи ги согледува на овој начин, а секако, тоа не е во ред.

8. Го мрази вашето семејство

Не е потребно вашиот партнер да ги сака вашите пријатели и семејството, но треба да ги почитува. Ако не го прави тоа, ова може да биде индикатор на голем проблем. Всушност, на овој начин тој ја покажува неговата незаинтересираност, па ако го прави тоа редовно, разговарајте и прашајте го кој е проблемот.

9. Не ги познавате неговите нови пријатели

Иако навидум нема ништо лошо при запознавањето нови пријатели, лош знак е ако партнерот заборава да ви ги каже неговите нови пријателства. Најчесто станува збор за луѓе кои не се во врска, па ова може да значи дека партнерот се обидува да си создаде нов живот, кој нема никаква врска со вас.

10. Изгледа депресивно

Доколку поголемиот дел од времето партнерот изгледа депресивно, тоа може да значи дека врската не го прави среќен и повторно најдобриот начин да го откриете ова е да зборувате со него.

11 знаци што покажуваат дека вашиот партнер е несреќен

11. Никогаш не прашува како сте си го поминале денот

Вашиот партнер треба да биде во можност да одвои еден дел од неговото време за да праша како сте си го поминале денот. Кога некој ќе престане да го прави ова, тоа значи дека престанува да се грижи за другиот.

Но, не мора да значи дека овие примери покажуваат дека проблемот е во вас. Тука може причинител да биде и анксиозноста, депресијата и слично. Затоа, бидете внимателни, но не избрзувајте со вашите заклучоци. Доколку чувствувате дека вашиот партнер е несреќен, седнете и разговарајте со него, затоа што понекогаш токму ова е тоа што може да ве врати на вистинскиот пат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар