11 намирници што може да траат со години ако ги чувате правилно

Нема ништо полошо од фрлањето храна, па затоа е важно храната што ја имате да трае колку што е можно подолго. Понекогаш, треба само да знаете како да ја чувате правилно. Во продолжение прочитајте ги овие совети што ќе ви помогнат вашата храна да има подолг рок на траење.

1. Бобинки – измијте ги и замрзнете ги

11 намирници што може да траат со години ако ги чувате правилно

Бобинките може да го подобрат вкусот на многу јадења и од нив можете да направите многу вкусни пијалаци, но тие не траат премногу долго. Исклучок се замрзнатите бобинки што може да траат околу една година.

При замрзнувањето на бобинките, тие треба да се измијат во ладна вода и да се исушат за да не се расипат. Ставете ги во пластични кеси пред да ги ставите во замрзнувач.

2. Зеленчук – закиселете го

11 намирници што може да траат со години ако ги чувате правилно

Замрзнувањето не е единствениот начин за конзервирање на зеленчукот, закиселувањето ќе ви помогне вашата храна да трае подолго отколку што би траела природно. Може да се изберат сите видови зеленчук, особено краставиците, кои се познати како кисели краставички кои обично траат околу 2 години.

Сепак, не се сите зеленчуци исти – киселите домати може да траат до еден месец. Чувајте го зеленчукот во мешавина од оцет, вода и сол (може и шеќер по вкус).

3. Моркови – направете ги чипс

11 намирници што може да траат со години ако ги чувате правилно

Морковите се зеленчук што многу луѓе сакаат да го имаат при рака додека готват, но постои начин тие да траат подолго. Исечете ги морковите и исушете ги како чипс. Откако ќе бидат дехидрирани, тие може да траат до 25 години.

4. Јаболка – дехидрирајте ги

11 намирници што може да траат со години ако ги чувате правилно

Кога станува збор за овошјето, јаболката може да траат особено долго откако ќе бидат направени како чипс. Може да траат дури повеќе од 20 години.

Исечете ги јаболката и варете ги во дехидратор. Чувајте ги во запечатени пластични кеси или во херметички тегли и конзерви.

5. Јаткасти плодови – ставете ги во кеси и замрзнете ги

11 намирници што може да траат со години ако ги чувате правилно

Многу јаткасти плодови се добар извор на протеини и може да се спречат од распаѓање подолго време. Сепак, важно е да ги чувате затворени и во замрзнувач. Некои од нив може да траат и до 2 години, а бадемите траат подолго време.

6. Грав – чувајте го во конзерва

11 намирници што може да траат со години ако ги чувате правилно

Ако го чувате гравот во конзерва, може да трае од 3 до 5 години.

За да го конзервирате, оставете го да врие 2 минути, тргнете го настрана, а потоа оставете го да стои во водата еден час пред да го исцедите. Прелијте го со нова вода и варете уште 30 минути. Додајте сол и ставете го во тегла заедно со водата во која се готвел и оставете околу 2 центиметри празен простор на врвот.

7. Јаворов сируп – замрзнете го

11 намирници што може да траат со години ако ги чувате правилно

Сè додека е замрзнат, јаворовиот сируп може да трае долго време. Првото нешто што ви текнува е да ги прелиете вашите палачинки, но некои луѓе прават и бонбони од сирупот.

8. Риба – купете ја конзервирана

11 намирници што може да траат со години ако ги чувате правилно

Конзервираната риба со добар квалитет, како туната, има долг рок на траење, а некои риби траат до 3 години. Но, откако ќе ја отворите конзервата, рибата трае само неколку дена во фрижидер и неколку месеци во замрзнувач.

9. Мед – не чувајте го на сонце

11 намирници што може да траат со години ако ги чувате правилно

Медот може да се јаде како замена за шеќер или како лек за смирување на болките во грлото. Медот може да кристализира, а комерцијалниот мед обично има рок на траење, но природниот мед може да трае засекогаш – недопрен мед е пронајден и во античките египетски гробници. Само чувајте го во ладен сад, по можност во оној што го купивте и на место што не е изложено на сончева светлина.

10. Млеко – направете го во прав

11 намирници што може да траат со години ако ги чувате правилно

Млекото обично не трае многу долго, дури ни кога го чувате на ладно, но можете да користите млеко во прав кое може да трае до 25 години.

Иако можете да купите млеко во прав, постојат неколку начини да го направите тоа од обично млеко. Ставете го млекото во испарувач или во дехидратор сè додека не добие ронлива текстура или можете да го мешате или да го кондензирате сè додека не добиете фин прав, а потоа ставете го во запечатена тегла.

11. Оцет – затворете го цврсто

11 намирници што може да траат со години ако ги чувате правилно

Оцетот и медот се многу спротивни намирници, но тие имаат нешто заедничко: може да траат неограничено.

Чувајте го оцетот во цврсто запечатен сад подалеку од топлина и светлина и искористете го во рок од 2 години од отворањето.

Откријте кои 11 намирници немаат рок на траење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар