11 чекори со кои вашиот дом ќе изгледа навистина средено

Дури и ако еднаш неделно темелно го чистите домот, во деновите помеѓу чистењето може да настане вистински неред. Можеби вие одлично се снаоѓате сред тој хаос, но кога треба да исчистете набрзина, важно е да ја искористите секоја минута. Во продолжение погледнете ги 11-те чекори со кои ќе имате блескав дом за многу кратко време и ќе ви се најдат кога треба да ви доаѓаат гости.

11 чекори со кои вашиот дом ќе изгледа навистина средено

1. Прво најважното

Во која просторија ќе минувате најмногу време? Започнете со чистење оттука. Во ова ситуација важи правилото прво најголемото, а потоа исчистете ги и помалите нешта.

2. Направете забранета зона

Во домот сигурно имате едно место каде што гостите не смеат да одат. Таму можете да оставите што било што не ви е за покажување.

3. Една корпа за сè

Разни хартии, играчки парчиња облека… најголемиот неред настанува кога нештата се на подот, креветот или нафрлани по полиците. Земете една кутија ил корпа и во неа ставете ги сите вакви предмети. Доколу можете, ставате ја корпата во забранетата зона.

4. Прекривачи

Прекривачите од креветите истресете ги и постелете ги убаво.

5. Метење

Со правосмукалката поминете низ главните простории – ходникот каде што ќе влегуваат гостите и собата во којашто ќе седите. Подот без прашина и разни отпадоци изгледа како да е добро исчистен.

6. Редење на куп

Соберете ги старите весници и книги и наредете ги еден врз друг.

7. Прашина

Со крпа од микровлакна поминете врз површините каде што најчесто се собира прашина, како полиците и телевизорот. Исто така израмнете ги рамките на сликите.

8. Тоалет

Во тоалетот погрижете се за чисто лабаво, тоалетна хартија и сапун, а тргнете ги предметите како четка за заби, крема и слично. Избришете го и огледалото, а во тоалетната школка ставете средство за чистење и неколку пати пуштете вода.

9. Кујна

Ставете ги валканите садови во лавабото. Со влажна крпа избришете ја работната маса. Доколку чувствувате мирис од храна, ставете кора од лимон и цимет во отворено тенџере со вода.

10. Затворање

Затворете ги сите врати од гардероберите и собите. Спуштете ја даската на тоалетната школка и повлечете ја завесата на тушот.

11. Атмосфера

Пригушете го светлото, запалете ароматична свеќа и пуштете тивка музика. Удобната атмосфера е навистина важна.

Погледнете ги и овие трикови за брзо и едноставно пролетно чистење на домот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар