10 знаци дека сте добро облечени

10 знаци дека сте добро облечени

Мора да признаете дека наутро, додека избирате што ќе облечете, размислувате како вашиот изглед ќе му се допадне на секого. Ако на патот до работа забележите неколку љубоморни женски погледи или пак неколку восхитени машки погледи, тогаш сте сигурни дека сте добро облечени. Со ова се полните со самодоверба и во текот на целиот ден ги извршувате задачите со голема сигурност во себе. Бидете сигурни дека тоа е резултат од тоа што сте задоволни со својот изглед. Со помош на овие знаци ќе дознаете дали сте добро облечени.

1-10-znaci-deka-ste-dobro-oblecheni-www.kafepauza.mk_

1. Комплименти на сметка на вашиот изглед добивате повеќе од двапати во неделата.

2. Никогаш сте немале чувство дека сте премногу, премалку или непримерно облечени за некоја прилика.

3. Вашите пријателки честопати ве прашуваат од каде сте купиле некое парче, а потоа одат и купуваат исто такво.

4. Во вашиот гардеробер се наоѓаат парчиња кои се прогласени за безвремени, како што се малиот црн фустан, мантил, пар добри фармерки, салонки…

5. Вашите најблиски честопати ве замолуваат да им помогнете со стилизирањето и да им одберете облека која ќе ја носат на некоја свадба, прослава или за која било друга прилика.

6. Девојки и жени честопати ве застануваат на улица за да ве прашаат од каде сте го купиле тоа што го носите.

7. Дури и во оние денови кога мислите дека немате ништо за носење, успевате добро да се стилизирате.

8. Кога ќе се погледнете себеси на фотографиите од пред неколку години, и понатаму сте задоволни со вашиот изглед.

9. Членовите на вашето семејство ретко ви купуваат гардероба, бидејќи мислат дека сте многу „тешка“ за купување, и дека нема да го погодат она што би се вклопило во вашиот стил.

10. Не мора да потрошите голема сума пари за некое впечатливо парче, туку можете да изберете од работите кои не се толку многу скапи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар