10 знаци дека не сте вљубени, туку емоционално зависни

Речиси секој ја бара личноста што може да ја нарече сродна душа. Но, секој мора да помине низ неколку грешки пред да ја пронајде. За жал, понекогаш на ова патување можно е емоционалната зависност да ја помешате со љубов. Па добро е да знаете кои се знаците дека сте емоционално зависни, а не вљубени во партнерот.

10 знаци дека не сте вљубени, туку емоционално зависни

1. Чувствувате посесивност или љубомора

Кога сте во здрава врска, треба да можете да му верувате на партнерот и овде нема простор за љубомора. Доколку не може да го направите тоа, најверојатно сте само емоционално зависни од него, а не вљубени.

2. Страв дека ќе го изгубите неговото признание

Во добрата врска треба да ви биде лесно да разговарате без страв. Кога ќе ја најдете вистинската личност, отворањето пред неа ќе ви биде природно и ќе знаете дека тој ве прифаќа онакви какви што сте.

2. Се менувате за партнерот да ве сака

Менувањето хобија, музички интереси и слично за друга личност не е љубов. Да можете да бидете свои е најважно во вашата врска. Ако треба да се менувате за вашиот партнер, врската најверојатно нема да трае.

4. Вашата вредност зависи од партнерот

Доколку сметате дека не вредите освен ако партнерот не ви го каже тоа, вие искусувате опсесија, а не љубов. Здравата врска бара доза љубов кон себе, за да можете вистински да се поврзете со партнерот.

5. Постојано се обидувате да го промените партнерот

Доколку постојано се обидувате да го манипулирате партнерот, ова е лош знак. Не можете да ги промените луѓето и освен ако не можете да го прифатите партнерот онаков каков што е, врската никогаш нема да функционира.

6. Избегнувате други активности заради партнерот

Зависноста може да ве затвори од остатокот од светот. Доколку избегнувате места, луѓе и нешта што сте ги сакале, најверојатно сте зависни од партнерот.

7. Играте игри

Без разлика дали чекате одговор бидејќи партнерот се задржал или го манипулирате партнерот со игри, тоа е лош знак. Важи и спротивното – доколку партнерот ви го прави ова, време е да ставите крај.

8. Во врска сте поради очајна потреба да бидете со некого

Доколку сте во врска само затоа што ви е потребен некој да направи да се чувствувате исполнето, тоа е знак на зависност.

9. Уште на почетокот не можете да си го замислите животот без партнерот

Кога прв пат запознавате некого, немате силна поврзаност. Доколку уште на почетокот не можете да си го замислите животот без партнерот, тогаш најверојатно станува за опсесија наместо за вистинска љубов.

10. Не сте среќни кога партнерот не е покрај вас

Иако е нормално да чувствувате еуфорија кога сте со некој што го сакате, не е здраво да не можете да се разделите од партнерот. Времето за себе е важно во секоја врска. Емоционалната зависност не ви дозволува да се одделите од партнерот ни за миг.

Погледнете и кои се психолошките знаци кои покажуваат дека сте вљубени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар