10 животни лекции кои треба веднаш да ги научите

10 животни лекции кои треба веднаш да ги научите

Никогаш не е прерано (или предоцна) да сфатите некои работи и да започнете да ги практикувате онака како што сте ги разбрале и прифатиле. Можеби тоа ќе се промени за некое време, па тогаш ќе имате подлабоко разбирање и комплетна пракса. Но, една од лекциите е – да живеете во сегашноста!

1-10-zhivotni-lekcii-koi-treba-vednash-da-gi-nauchite-kafepauza.mk

1. Сакајте се себеси – Љубовта започнува во вашето срце и кога ќе заврти цел круг, таа тука завршува, односно одново започнува. Па затоа, во љубовта сте најважни вие самите. Сакајте и почитувајте се себеси. Настојувајте подобро да се запознаете себеси, за да можете да ги прифатите вашите недостатоци и маани и да го откриете она што може да го промените и да го унапредувате, на пример, разбирањето. Вашето разбирање ќе ви отвори нови извори на љубов.

2. Верувајте ѝ на својата интуиција – Сетете се само како сте погрешиле минатиот пат, кога не сте се послушале себеси. Ова е лекција која често ја учиме одново и одново, како никогаш да не ни е доволно тоа што знаеме дали нешто треба или не треба да направиме и како некои други, надворешни причини постојано да нè поколебуваат. Без оглед на тоа што мора да се борите за да си поверувате на себе и на своето чувство, не се откажувајте. Продолжете да се борите, па постепено ќе започнете почесто да го издржувате притисокот на логиката и барањата од околината, над она што го чувствувате.

2-10-zhivotni-lekcii-koi-treba-vednash-da-gi-nauchite-kafepauza.mk

3. Не обвинувајте ги другите – Ако некој ви нанел некоја штета, преземете го својот дел од одговорноста во таа приказна, бидејќи за танц секогаш се потребни двајца.

4. Вашите животни лекции се ваша креација – Можеби ви се случува нешто што не сте го сакале и поминувате низ нешто што никогаш свесно не би одбрале да го доживеете. Но, тоа нема врска – сè што ви се случува во животот е ваша креација. Поради некоја причина, потребно е нешто да доживеете и вашата личност го знае тоа, иако тоа сознание сè уште не допрело до вашата свест. Можете да поработите на тоа освестување, па тогаш вашето разбирање и разрешување ќе одат побрзо и полесно.

3-10-zhivotni-lekcii-koi-treba-vednash-da-gi-nauchite-www.kafepauza.mk_

5. За среќа не ви е потребно ништо друго освен среќа – Звучи апсурдно, но тоа е единствената вистина. Воопшто не мора ништо да стекнете или достигнете за да бидете среќни. Доволно е тоа што сте живи и што постоите во сегашниот момент.

6. Треба да ризикувате – Секој пат кога ќе донесете одлука, кога нешто ќе направите, кога ќе преземете иницијатива или ќе се тргнете настрана за да направите место на некого, вие ризикувате, бидејќи сè што правите или не правите, има влијание во креирањето на идното случување. Прифатете го ризикот, бидејќи вреди.

4-10-zhivotni-lekcii-koi-treba-vednash-da-gi-nauchite-www.kafepauza.mk_

7. Грешките може да се поправат – Можеби не веднаш и не потполно, но со самото дејствување за да ги отстраните последиците од некоја грешка, веќе ги поправате работите, поставувајќи ги основите за идното делување и реагирање. Понекогаш животот чудно ќе ве награди – ќе ви овозможи да ја направите вистинската работа на некому што тоа му е поважно од сè и на тој начин се поништува оној момент кога во некоја претходна ситуација за тоа не сте биле во можност.

8. Живејте во сегашноста – Бидејќи сегашноста е момент на моќ. Денес можете сè што сте пропуштиле вчера или што не знаете дали ќе можете утре.

5-10-zhivotni-lekcii-koi-treba-vednash-da-gi-nauchite-www.kafepauza.mk_

9. Давајте сè од себе – Тоа е најмалку што можете, тоа е единствено прифатливо и тоа е секогаш доволно – дури и кога не е доволно.

10. Не грижете се – Грижата е исто како каењето, само свртена кон идните случувања. Бесмислено е! Грижата не прави ништо добро, а може да ги расипе работите кои би биле добри, кога би ги пуштиле на мир.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар