10 типови луѓе кои токсично влијаат на вас и вашиот живот

10 типови луѓе кои токсично влијаат на вас и вашиот живот

Човекот е социјално суштество кое не може да опстане без пријателите. Социјализацијата и создавањето на нови пријатели како и на одреден круг од пријатели се есенцијален дел од животот на човекот. Но, не треба да бидеме пријатели со секого. Многу е важно внимателно да ги одбираме луѓето со кои се дружиме и уште поважно, како им дозволуваме да се однесуваат со нас.

0-10-tipa-lugje-koi-toksicno-vlijaat-na-vas-i-vasiot-zhivot-kafepauza.mk

1. Сакаат да им го посветите целото слободно време

Можеби на почеток е слатко да ги поминувате сите моменти заедно, но да го трошат целото ваше слободно време е претерано. На секого му е потребно малку време сами или околу други луѓе. Ако ваквите луѓе не сакаат да отстапат од ова, тогаш имате проблем од кој треба брзо да се ослободите.

2. Даваат злонамерни комплименти

Тоа се таков тип луѓе кои преку комплимент сакаат да ви кажат дека нешто не е во ред со вас. Звучи како комплимент, но не се чувствувате така? Тргнете се од нив. Вие заслужувате вистински и искрени комплименти.

3. Постојано се жалат

Луѓето кои постојано се жалат и никако не придонесуваат во вашиот живот се луѓе кои дефинитивно не ви се потребни во животот. Тие ниту влијаат позитивно на вас, ниту имате некаква корист од нивното однесување. Но, ако веќе ако им дозволувате да ви се жалат, тогаш бидете сигурни дека тие преземаат нешто околу тоа и не остануваат само на зборови.

1-10-tipa-lugje-koi-toksicno-vlijaat-na-vas-i-vasiot-zhivot-kafepauza.mk

4. Очекуваат да правите компромис за сѐ

Точно е дека некогаш треба да правите компромис и да се откажете од вашите барања, но тоа не треба да го правите секогаш. Не сте должни да се откажувате од сето она што го сакате. Компромис треба да постои од двете страни. Ако само едната страна секогаш се откажува од она што го сака, тогаш сигурно ќе настанат проблеми, порано или подоцна.

5. Постојано наоѓаат причина за карање

На повеќето луѓе не им е пријатно да бидат во околина каде што постојано има негативна енергија и расправии. Па така и вие не сте должни да трпите нечии караници. Заслужувате средина која зрачи со позитивност и оптимизам.

2-10-tipa-lugje-koi-toksicno-vlijaat-na-vas-i-vasiot-zhivot-kafepauza.mk

6. Не веруваат во вас

Ако луѓето околу вас не веруваат во вашите идеали и соништа, тогаш мала е веројатноста дека ќе успеете да ги постигнете зацртаните цели. На секого му е потребна поддршка и разбирање. Не смеете да си го скратувате ова право.

7. Постојано се навраќаат на минатото

Нема ништо добро во спомнувањето на минатото и неговите грешки. Вие живеете во сегашноста и се стремите кон иднината. Но, тоа станува многу потешко ако некој постојано ве навраќа назад.

8. Секогаш наоѓаат маани

Без разлика што и да направите никако не можете да ги усреќите. Свестете се. Време е да престанете да ги задоволувате туѓите потреби и да размислите за вашите. Луѓето кои вредат да се најдат во вашата близина секогаш ќе ви даваат поддршка и љубов. Не смеете да се чувствувате како да сте бескорисни. Не го дозволувајте ова.

3-10-tipa-lugje-koi-toksicno-vlijaat-na-vas-i-vasiot-zhivot-kafepauza.mk

9. Ги омаловажуваат вашите соништа

Потребен ви е оптимизам и поддршка, а од ваквите луѓе тоа никогаш нема да го добиете. Опкружете се со луѓе кои веруваат во вас и во вашите квалитети. Така најлесно ќе успеете во она што сте го зацртале.

10. Не опростуваат

Луѓето кои се злопамтила и силно се држат за вашите грешки од минатото се луѓе кои дефинитивно не треба да останат во вашиот живот. Сите правиме грешки и човечки е да простуваме, но овие луѓе никогаш нема да го направат тоа. Затоа, трудот да ги промените е залуден. Продолжете понатака без нив во вашиот живот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

  1. lara Reply

    tretiot i osmiot neli e ist tip..

Остави коментар