10 супермодели споделуваат како да останете во форма без да се изгладнувате

Откако Хајди Клум ги изненади фановите со фотографија на која јаде големо парче пица, супермоделите почнаа да ја откриваат нивната љубов кон брзата храна. Изгледа дека изгладнувањето и отфрлањето на омилената храна нема воопшто да ви помогне да бидете во форма, дури ни во високата мода. Погледнете како супермоделите изгледаат неверојатно и здраво без да се мачат со строги диети.

1. Хајди Клум

10 супер модели споделуваат како да останете во форма без да се изгладнувате

Хајди е мајка на 4 деца и често ја прашуваат каква диета држи што ѝ помага да остане во форма. Во нејзините интервјуа Хајди изјавува дека нема одредена диета, туку само сака да се храни здраво и преферира готвена храна. Верува дека кога јадете надвор или порачувате храна, не можете да контролирате што има во секој оброк. Таа има и уште една тајна – последниот оброк го јаде во 18 часот и му дава на телото време да ја свари храната и да согори уште некоја калорија.

2. Џосефин Скривер

10 супер модели споделуваат како да останете во форма без да се изгладнувате

Џосефин успешно ги комбинира утринското вежбање и хранливиот појадок, а ова го прави нејзиниот ден навистина продуктивен. За да се справи со гладот, со неа секогаш има некаква ужина. Овде спаѓаат протеински плочки, инстант овес и овошје. Џосефин има и денови за мамење кога може да јаде пица, хамбургери или нејзиното омилено црно чоколадо.

3. Бела Хадид

10 супер модели споделуваат како да останете во форма без да се изгладнувате

Бела тврдела дека јадењето сендвич со кашкавал и помфрит е нејзина секојдневна рутина. Можеби е тешко да се поверува, но Бела ужива во едноставни оброци, како на пример, пица. Можеби на некој му звучи како сон, но сите тела се различни. Додека јадењето пица не ѝ предизвикува проблем на Бела, може да има друг ефект кај останатите.

4. Кендал Џенер

10 супер модели споделуваат како да останете во форма без да се изгладнувате

Иако таа се држи до здрава исхрана, и Кендал има оброци за мамење. Мамењето во текот на диетата ви дава испланирана дозвола да изедете нешто што не е здраво но го сакате, и го намалува психолошкиот стрес од воздржувањето. Кога се подготвува за модна ревија, Кендал консумира овошје и зеленчук и пие чај за детоксикација.

5. Лиса Лорлес

10 супер модели споделуваат како да останете во форма без да се изгладнувате

Фитнес блогерката Лиса редовно споделува совети за фитнес и здрава исхрана на нејзиниот канал на Јутјуб. Изненадувачки е што нејзините здрави рецепти често вклучуваат и леб, палачинки, па дури и крофни. Лиса не брои калории, туку консумира храна богата со витамини, минерали и сложени јаглехидрати. Нејзината тајна е јадење храна што дава енергија за појадок, како палачинки од овес, и пие многу вода помеѓу оброците.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар