10 скриени знаци по кои ќе познаете дека некоја жена е бремена

10 скриени знаци по кои ќе познаете дека некоја жена е бремена

Дали некогаш сте се посомневале дека некоја девојка која ја познавате е бремена? Бидејќи директното прашање „Дали си бремена“ се смета за многу непристојно, понекогаш мораме да бидеме многу креативни доколку сакаме да откриеме. Постојат многу причини заради кои некој не сака да ја открие својата бременост, особено доколку е рана. Затоа непишано правило е да се почека да помине првото тримесечје (кога ризикот од спонтан абортус е најголем) за да се разгласи убавата вест. Исто така, жените често сакаат да ја сокријат својата приватност сѐ додека не стане очигледно што се крие под блузата.

1-10-skrieni-znaci-po-koi-kje-poznaete-deka-nekoja-zhena-e-bremena-www.kafepauza.mk_

Сепак, колку некој подолго чека да ја открие таа вест, толку ние сме сѐ пољубопитни. Наместо постојано да се прашувате, погледнете кои суптилни знаци укажуваат на тоа дека вашата пријателка, роднина или колешка очекува бебе.

1. Носи широка облека

2-10-skrieni-znaci-po-koi-kje-poznaete-deka-nekoja-zhena-e-bremena-www.kafepauza.mk_

Понекогаш е тешко да погодите дали жената е бремена сѐ додека не дојде во последната недела од бременоста. Тоа има многу голема поврзаност со облеката која ја носи. Ако забележите дека одеднаш почнала да носи поголема и широка облека, можеби се обидува да го сокрие својот стомак.

2. Одбива алкохол

3-10-skrieni-znaci-po-koi-kje-poznaete-deka-nekoja-zhena-e-bremena-www.kafepauza.mk_

Како што веќе знаеме, на трудниците не им се препорачува да консумираат алкохол. Ако вашата пријателка сака да пие безалкохолен пијалак во ситуациите кога обично би пиела алкохол, можеби е затоа што очекува бебе.

3. Често не може да дојде до здив

4=10-skrieni-znaci-po-koi-kje-poznaete-deka-nekoja-zhena-e-bremena-www.kafepauza.mk_

Жените кои чекаат бебе често се борат со краток здив бидејќи нивната матка ја притиска дијафрагмата и го отежнува дишењето. Покрај тоа, потребен им е повеќе кислород за новиот живот во нив да расте.

4. Често ги допираат градите

5-10-skrieni-znaci-po-koi-kje-poznaete-deka-nekoja-zhena-e-bremena-www.kafepauza.mk_

Кога одреден дел од телото расте или се менува, често боли или е почувствителен од обично. Натечените или чувствителни гради се еден од симптомите на бременоста. Ако забележите дека некоја жена обрнува повеќе внимание на своите гради отколку порано, можеби нешто се случува во нејзиниот стомак.

5. Постојано оди во тоалет

6-10-skrieni-znaci-po-koi-kje-poznaete-deka-nekoja-zhena-e-bremena-www.kafepauza.mk_

Заради притисокот на мочниот меур, бремените жени често посетуваат тоалет. Ова е еден од најраните и најчестите симптоми на бременоста.

На следната страница откријте ги преостанатите знаци на бременост и потврдете ги вашите сомнежи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар