10 работи што ви го уништуваат животот - Part 2

10 работи што ви го уништуваат животот

6. Непрекинати измами

Не треба да им гледате низ прсти на постојаните измами од страна на вашите роднини, пријатели или сопруг. Ако имате одлучено да го задржите односот со измамник тогаш ставете му до знаење дека знаете сè, но немојте да влегувате во улога на судија. Не е ваша грижа да го поправате тој човек, тој мора да го направи тоа сам, вие само можете да го поддржите. Ако ве сака и ве почитува вистински тогаш нема да ве лаже.

7. Непочитување на работа

За жал, многу се принудени да трпат непочитување на работа од страна на работодавачот или колегите. Ако сте се нашле во слична ситуација, запрашајте се дали вам навистина ви е потребна таа работа за да мора да ги трпите секојдневните понижувања или да ги извршувате работите кои не се ваша обврска, а за тоа да не ве плаќаат. Борете се за своите права и не плашете се да им се спротивставите на вашите колеги чијшто развој останал на ниво на школски задевања.

8. Физичко и психичко насилство

Нема и не може да има никакво оправдување за оние кои дигнале рака на вас или морално ве понижуваат. Вашата сигурност е најважна и не морате да бидете со човекот кој претставува закана за вашето физичко или психичко здравје, односно закана за вашиот живот.

9. Непрекината контрола

Ако некој го контролира секој ваш чекор, било да се тоа родителите, пријателите или партнерот, тоа не е доказ за нивната грижа кон вас. Секој човек мора да има слобода, а односот е невозможен без меѓусебна доверба. Ако оставате ситуацијата сама да се реши тогаш контролирањето може да премине во вистинска тиранија.

10. Прекорување поради „несовршеност“

Идеални луѓе не постојат. Иако сликата за „идеално дете“, „вистински маж“ или „девојка од соништата“ постојат во сечија глава, тоа никому не дава за право да ги прекорува ближните бидејќи не се совршени.

Не ги слушајте оние кои упорно бараат од вас да ја промените фризурата или да ослабите. Вашата промена не е гаранција дека ќе ве сакаат повеќе, бидејќи љубовта не треба да се заслужи, а со текот на времето барањата можат да станат уште поапсурдни.

Дознајте и кои 10 типа мажи ќе ви го уништат животот доколку се омажите за нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар