10 причини зошто децата треба да го поминат врнежливиот ден надвор

Дали сте родител што реагира на првите дождовни капки и ги прибира децата дома? Дали имате навика да ги откажувате излетите и прошетките со децата заради лошата временска прогноза? Прочитајте ги овие 10 причини зошто треба да ги промените тие навики:

10 причини зошто децата треба да го поминат врнежливиот ден надвор

1. Затоа што на децата не им пречи дождот. Дали познавате некое дете кое би одбило да оди во парк затоа што надвор врне малку дожд?

2. Бидејќи мантили и гумени чизми може да се купат на секој агол и не се многу скапи.

3. Затоа што во земји како Шведска, врне 270 дена годишно, а децата таму поминуваат повеќе време надвор отколку нашите деца.

4. Бидејќи за време на многуте години еволуција, децата го поминале целото детство надвор, играјќи на сите временски услови, што значи дека сме генетски приспособени да бидеме мокри.

5. Затоа што децата ќе пораснат верувајќи дека животот треба да продолжи нормално, без оглед на временските услови.

6. Бидејќи играњето со вода е извор на радост кај децата и има докажана психотерапевтска улога.

7. Бидејќи децата што играат на дожд се помалку разгалени.

8. Бидејќи барата со вода е фантастично место за експерименти и забава.

9. Затоа што, за да ја сака, да ја почитува и да ја заштити природата, детето треба да се поврзе со природните појави.

10. Затоа што кога ќе го оставите детето надвор на дождот, му давате до знаење дека е способно и отпорно, што ја гради неговата самодоверба.

Прочитајте кои 6 способности децата ќе ги развијат подобро надвор од училницата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар