10 оригинални употреби на мајонезот на кои веројатно не сте ни помислиле

Автор: Маја Линкова

Одвреме-навреме се случува расчистувајќи го фрижидерот да најдете туба со мајонез на кој му поминал рокот. Наместо да го фрлите можете да го употребите на 10 многу креативни начини.

0-10-originalni-upotrebi-na-majonezot-na-koi-verojatno-ne-ste-ni-pomislile-kafepauza.mk

1. Балсам за коса

Ако е време да ја измиете вашата коса, но ви снемало балсам, не плашете се! Мајонезот може да се искористи како одлична замена. Само протријте го на вашето теме, почекајте неколку минути и потоа измијте ја косата со обичен шампон. Вашата коса ќе биде мека и сјајна.

2. Се грижи за вашата кожа

Мајонезот има повеќенаменска употреба. Не само што ја прави вашата коса сјајна, туку исто така ѝ дава влажност на вашата кожа. Може да помогне во лекувањето на одредени недостатоци на кожата. Сè што треба да направите, е да го нанесете мајонезот како крем, а тој ќе си го направи своето.

3. Ги зацврстува вашите нокти

Вашите нокти сè уште се кршат? Нема потреба да фрлате пари за маникир, бидејќи може да употребете мајонез за да ги зацврстете ноктите. Подгответе мал сад кој ќе го наполнете со мајонез, држете ги ноктите во него околу 5 минути и потоа измијте си ги рацете. Со тек на време, вашите нокти ќе се зацврстат.

4. Изгореници

Доколку го искористите убавото време и појдете на плажа, но заборавите да ставите крема за сончање, веројатно ќе добиете изгореници од сонцето. Мајонезот ќе делува како Алое-вера, бидејќи може да ја ублажи болката додека се обнови изгорената кожа.

5. Вадење заглавен прстен

Вашите нокти се супер, но што е со прстенот кој е заглавен на вашиот прст? Намачкајте малку мајонез околу прстенот, а тој веднаш ќе се излизга од прстот.

6. Ги убива вошките

Мајонезот се користи наместо шампон против вошки, без хемикалии. Само измасирајте ја главата со него, ставете си капа за туширање и преспијте. Наутро, измијте ја вашата коса и повторете го истиот процес 10 дена подоцна.

7. Полирање на растителните листови

За да го освежете вашето растение, избришете ги листовите со мајонез и ќе светнат во блескаво-зелена боја. Понекогаш тоа може да трае со месеци. Овој чуден трик се користи во продавниците, за да изгледаат подобро одошто во вашиот дом.

8. Исчистете го вашето пијано

Клавишите на пијаното не се бели како претходно? Употребете влажна крпа на која ќе ставете мајонез, почекајте неколку минути, па потоа избришете ги. Мајонезот ќе ја отстрани сета нечистотија од нив.

9. Отстранете ги досадните налепници на вашиот автомобил

Жалите за налепниците кои сте ги ставиле на вашиот автомобил во 90-те години? Не можете да ги отстранете без да оставите трага? Земете малку мајонез и ставете врз налепницата, почекајте неколку минути и исчистете. Мајонезот ќе го апсорбира лепилото и налепницата ќе излезе без да остави трага.

10. Ги чисти чкртаниците од боички на ѕидот

Наместо одново да ја бојадисувате вашата куќа благодарение на вашите креативни дечиња, може да употребете малку мајонез. Попрскајте мајонез на ѕидот, почекајте малку и потоа избришете со хартиена крпа. Како со магија чкртаниците ќе исчезнат, а ѕидот ќе биде како нов.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар