10 одлични причини зошто да јадете помалку месо (дури и да не сакате да бидете вегани)

Без разлика дали размислувате да станете вегани, вегетаријанци или едноставно да намалите со јадењето месо, постојат многу причини зошто би требало да ја смените вашата исхрана. Јадењето повеќе зеленчук, овошје, целосни зрна, јаткасти плодови и семки наместо месо може да има огромно влијание врз вашето здравје, како и за здравјето на нашата планета. Па, доколку ви е потреба мотивација за оваа промена, погледнете ги следниве 10 добри причини кои треба да имате во предвид при вашата одлука…

10 одлични причини зошто да јадете помалку месо (дури и да не сакате да бидете вегани)

1. Големи се шансите дека вашата срцева болест ќе исчезне

Срцевите болести се едни од најголемите причини за смрт ширум светот. Но, кога пациентите биле префрлени на вегетаријанска исхрана, нивното здравје не само што се подобрило, туку срцевата болест целосно им исчезнала.

2. Ќе бидете послаби

Откако ќе престанете да јадете месо, вие брзо ќе ги изгубите непосакуваните вишок килограми. Истражувањата исто така покажале и дека јадењето месо најчесто е поврзано со прекумерната тежина.

3. Ќе заштедите пари

Најчесто оброците за вегетаријанците и веганите имаат тенденција да бидат помалку скапи од порциите со месо. Па, покрај тоа што ќе го подобрите вашето здравје и тежината, исто така и малку ќе заштедите.

4. Ќе ги намалите стакленичките гасови

Се претпоставува дека животинската агрикултура создава повеќе стакленички гасови од целата транспортна индустрија. Со намалување на јадењето месо, вие ќе имате огромно влијание врз промените на климата.

5. Ќе го намалите насилството кон животните

Секоја година се убиваат милиони животни за исхрана, од кои голем дел се израснати во фабрички фарми. Доколку намалите со јадењето месо, вие тивко ќе гласате против насилните начини на кои се третираат животните.

6. Ќе бидете во добро друштво

Постојат многу познати ѕвезди кои се придржуваат до овој начин на исхрана, како Натали Портман, Елен Деџенерис, Оливија Вајлд, Пол Мекартни, Кери Андервуд и Бети Вајт…

7. Ќе бидете на исто ниво со дел од најголемите умови низ историјата

Алберт Ајнштајн, Бенџамин Френклин, Ганди, Чарлс Дарвин и Џорџ Бернард Шо сметале дека е добра идеја да се следи вегетаријанска исхрана.

8. Ќе помогнете да се спаси Амазон од уништување

Амазонот секојдневно се уништува со цел да се хранат животните кои подоцна се убиваат за месо. Оваа ситуација е загрижувачка, па токму затоа и промената во вашата исхрана може да помогне да се спаси Амазон – белите дробови на планетата.

9. Ќе откриете голем број нови вкусни рецепти

Повторно пилешко за ручек? Намалувањето на месото во вашиот живот ќе ви помогне да ги проширите вашите хоризонти за исхрана и ќе откриете многу нови, вкусни и возбудливи главни јадења.

10. Ќе направите избор кој веќе е поддржан од страна на голем број религии

Без разлика дали сте верник или не, можете нешто да научите од верувањата на Будизмот, Хиндуизмот и Џаинизмот. Сите тие ги поттикнуваат своите следбеници да прифатат исхрана која е базирана врз растенија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Mesojad Reply

    Prilicno smesno. Osobeno tocka 1 i 6.

Остави коментар