10 нешта кои секоја девојка ги прави по раскинување
Неодамна сте се разделиле со момчето во кое сте биле навистина заљубени? И покрај тоа што секоја личност има свој различен начин на справување со вакви ситуации, сепак сме сигурни дека ќе се пронајдете во дел од овие постапки кои секоја девојка има навика да ги прави по раскинувањето.

1. Претерано троши. На сè. Започнувајќи од нова постелнина за креветот (па, таа не може да спие врз онаа која го потсетува на него, нели?) па сè до неочекуваната (читајте: ужасна) нова фризура. Но, откако ќе потроши 100 евра во само еден ден, таа се чувствува многу подобро!
2. Пие. Многу. Дури и кога не пие, таа испраќа пораки со емотикон од вино и прашалник до него на сите нејзини контакти.
3. Собира солени закуски. Нејзиниот патетичен апетит не може да поднесе цел оброк, па токму затоа чинија чипс или пуканки се одлична замена за вечерата.
4. Се обидува да биде „во ред“ прерано. Чекор 1: Испланирајте неверојатна вечер со другарките за да го прославите вашиот нов сингл статус. Чекор 2: Започнете со плачење во 9 часот директно врз вашата чаша вино.
5. Кажува лаги. Кога тој ќе ѝ пише за да ја праша како е, таа одговора со „Извини, чиј е овој број?“ Да, тоа е навистина зрел чекор.
6. Се обидува да биде пријателка со него. Но, тоа никогаш не успева. Барем не веднаш. Престанете да се лажете себеси дека сè е во ред и едноставно поминете го месецот мразејќи го.
7. Му праќа пораки кои се читаат меѓу редови со помош на цитати на социјалните мрежи. „Доверба? Потребни се години за да се изгради и само неколку секунди за да се скрши.“
8. Се претвора во сајбер демнач. Која е таа девојка која му станала пријателка на Фејсбук? Која е таа личност на неговата профил фотографија? Од кога па тој почнал да твита?
9. Му праќа пораки на пијано. Сосема логични и доследни нешта како: „Еј ми недостигаш! Ха ха :)“ и бидејќи тој не одговорил во следните 2 минути потоа следува: „Не ми се верува дека те сакав, немој никогаш повеќе да си ми пишал!“
10. Ја поминува ноќта со личност за која потоа се кае. Може да биде со него, а може да биде и со некоја сосема друга личност. Во секој случај, најчесто утрото се чувствува виновно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
