10 навики со кои им штетите на вашите бубрези

Бубрезите се навистина важни органи во нашето тело. Тие ја прочистуваат крвта, лачат хормони, ги апсорбираат минералите, ги отстрануваат токсините и ја неутрализираат киселината.

10 навики со кои им штетите на вашите бубрези

Овој пар органи секојдневно филтрира дури и до 200 литри крв. Па, како едни од најважните органи, бубрезите бараат посебно внимание. Нарушувањето на функцијата на бубрезите или нивното делумно оштетување може долго да помине незабележано.

Истражувањата и искуствата на пациентите покажале дека бубрезите можат да функционираат и со само 20% од нивниот капацитет. Поради ова болестите на бубрезите често се нарекуваат и „тивки“, па од голема важност е да се грижите за нивното здравје. Според мислењето на експертите, ова 10-те навики со кои им штетите на овие органи.

1. Недоволен внес на вода

Најважната задача на бубрезите е филтрирање на крвта и отстранување на токсините и штетните материи. Ако не пиете доволно вода во текот на денот, токсините ќе се задржат во организмот и крвта. Тие се причина за многу нарушувања, ја забавуваат работата на бубрезите и можат многу да ви наштетат.

2. Консумирање премногу сол

На вашето тело му е потребен натриум, односно сол, за нормално да функционира. Според експертите, не треба да консумирате над 5 грама сол дневно. Ако внесувате повеќе, важно е да знаете дека тоа предизвикува покачување на крвниот притисок, но и забавување на работата на бубрезите.

3. Задржување на урината

Многумина го игнорираат нагонот за мокрење бидејќи се презафатени или не сакаат јавни тоалети. Но, со ова се зголемува притисокот на мочниот меур и бубрезите. Резултатот може да биде појава на бубрежни камења, инконтиненција и други проблеми со бубрезите.

4. Консумирање рафиниран шеќер

Понекогаш внесуваме дури 10 пати повеќе шеќер од препорачаната доза, а притоа секогаш страдаат бубрезите. Истражувањата покажале дека со само два пијалаци со додаден шеќер, значително се зголемува концентрацијата на протеини во урината. Протеините во урината се знак дека бубрезите не функционираат како што треба.

5. Недостаток од витамини и минерали

Недостатокот од витамини и минерали го зголемува ризикот од појава на камења во бубрезите и нарушување на нивната функција. Витаминот Б6 и магнезиумот се особено важни кога станува збор за заштитата од камења во бубрезите.

6. Внес на животински протеини

Преголемиот внес на протеини, особено од животинско потекло, дополнително ги оптоварува бубрезите. Тоа значи дека бубрезите мораат да работат понапорно што води до нивно оштетување или намалена функција.

7. Недоволно спиење

Сите знаеме колку се важни сонот и одморот. Хроничниот недостаток на сон е поврзан со многу болести, вклучувајќи ги и оние на бубрезите. Во текот на спиењето телото ги обновува оштетените клетки на бубрезите, па потребно е доволно време за да заврши целиот процес, односно околу 6 до 8 часа секоја вечер.

8. Пиење кафе

Исто како и солта, и кафето го покачува крвниот притисок, со тоа зголемувајќи ја работата на бубрезите. Пиењето кафе, со текот на времето може да предизвика поголема штета на бубрезите.

9. Употреба на лекови против болка

Наместо природни и сигурни лекови, често употребуваме комерцијални средства за намалување на болката, па дури и кога не ни се баш потребни. Овие лекови можат да направат вистинска штета на црниот дроб и бубрезите.

10. Пиење алкохол

Алкохолот е отров што бубрезите мораат да го преработат и исфрлат. Многу често пиењето алкохол може да биде неумерено и претерано, а со ова дополнително се оштетуваат бубрезите и црниот дроб. Алкохолот е како диуретик што ја зема водата од телото, и на овој начин влијае на бубрезите.

Погледнете и кои се симптомите со кои вашето тело ве предупредува дека бубрезите ви се во опасност.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар