10 начини да доживувате подобри и посилни оргазми

Постојат оргазми и не-престанувај-продолжи-така-лебдам-во-облаците оргазми. Ако целите кон вторите, може да ви изгледа дека е тешко да се постигнат, но на овие 10 начини можете да постигнете подобар оргазам уште вечерва.

10-nachini-da-dozhivuvate-podobri-i-posilni-orgazmi-kafepauza.mk

1. Повеќе окситоцин

Окситоцинот, или повеќе познат како љубовниот хормон, може да биде клучот за подобри оргазми – вака барем се вели во новата студија на списанието Хормони и однесување. Студијата открила дека двајцата партнери кои примале окситоцин во вид на спреј низ носот доживувале посилни оргазми од оние двојки кои земале плацебо. Бидејќи тешко дека ќе најдете окситоцин во спреј форма, зголемете го неговото ниво на традиционален, природен начин – со гушкање, милување и со други потези со кои ќе му покажете љубов на партнерот. Вашиот сексуален живот ќе ви биде благодарен.

2. Фокусирајте се на предиграта

Не би се обиделе да се натпреварувате во трчање, без претходно добро да се загреете, нели!? Исто е и во спалната соба. Во истражување спроведено од Американското социолошко испитување, на жените им биле зголемени шансите за оргазам за 18% кога се стимулирале самите со рака, а за 9% кога добивале орален секс.

3. Користете лубрикант

Лубрикантот е неопходен, не само бонус за подобро задоволство. Во едно истражување, дури 50% од луѓето изјавиле дека им било полесно да постигнат оргазам кога користеле лубрикант.

4. Вежбајте соло

Шансите да доживеете врвно задоволство со вашиот партнер се многу поголеми кога ќе сфатите како да го правите тоа сами. Експериментирајте во соло сесии за да откриете што точно ве носи кон врвот. Колку подобро си го познавате телото, толку подобри оргазми ќе доживувате.

5. Одложувајте го задоволството

Знаете дека добрите работи им се случуваат на оние кои трпеливо чекаат. Неодамнешна студија објавена во Списанието за сексуално истражување открила дека кога ќе се доведете до врвот и ќе престанете, градите поголем и поинтензивен оргазам. Може да звучи неинтуитивно, но почекајте додека дојдете до 90% на патот до постигнувањето оргазам и тогаш паузирајте, забавете и потоа повторно продолжете да го градите возвишеното чувство. Повторувајте сѐ додека повеќе не можете да издржите. Оргазмот кој конечно ќе се случи ќе биде вреден за чекањето и воздржувањето.

6. Фокусирајте се на вашата К-точка

Една од главните причини поради кои жените не можат да постигнат оргазам за време на сексуалниот чин е бидејќи не добиваат доволно контакт преку клиторисот.

7. Набавете ја потребната опрема

Понекогаш за силен оргазам потребна е само една играчка на батерии. Но, изборот на додатоци за секс-игра е голем, па можете да изберете што ви одговара вам, но и на партнерот за да постигнете двајцата експлозивен финиш.

8. Внимателно одбирајте ја храната

Одредена храна исто така влијае на либидото, па конзумирајте овесна каша и праски доколку сакате уште повеќе да го засилите чувството кое доаѓа на линијата за финиш.

9. Правете кегелови вежби

Одредени експерти се колнат дека силните карлични мускули се клуч за посилни оргазми. За среќа, овие вежби можете да ги правите во секое време, на секое место.

10. Вежбајте

Ако сте во фит форма, ќе бидете посамоуверени за својот изглед во спалната соба. Една студија од 2007 година спроведена на Универзитетот во Синсинати потврдила дека оние кои редовно вежбале биле сексуално позадоволни.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар