10 лаги кои порано или подоцна ќе ги слушнете од секој маж

10 лаги кои порано или подоцна ќе ги слушнете од секој маж

Искреноста е еден од поголемите императиви на успешната љубовна врска – тоа го знаат и жените и мажите. Меѓутоа, голем дел од мажите уште од првиот ден се користат со некои стандардни изговори кои многу повеќе наликуваат на лаги.

0-10-lagi-koi-porano-ili-podocna-kje-gi-slushnete-od-sekoj-mazh-kafepauza.mk

1. „Сѐ е во ред“

Оваа лага се смета за женска, но истражувањата покажуваат дека дури 52% од мажите понекогаш ѝ кажуваат на својата партнерка да не се лути и дека сѐ е во ред, а всушност не мислат така. Причина? Не сакаат да влегуваат во расправии кои сметаат дека нема ништо да променат или пак не сакаат да испаднат како да им е потребна помош од жена.

2. „Кој? Таа? Сериозна си? Воопшто не ми се допаѓа…“

Без разлика дали станува збор за вашата пријателка, неговата колешка или жена која сте ја запознале на одмор, ниеден паметен маж нема да признае дека некогаш му се допаднала некоја друга жена. Нивната логика е јасна – секогаш ќе постојат жени кои барем физички ќе им се допаѓаат, но знаат дека таквата информација ќе предизвика непотребна љубомора кај нивните партнерки.

3. „Одам само на еден пијалак“

Ова е една од најчестите машки лаги која голем дел од нив всушност и не ја доживуваат како лага. За нив тоа значи „одам на пиење“, а колку ќе испие зависи од атмосферата. Со оваа лага, рака под рака одат и „не испив многу“ и „морав да го почекам пријателот за да го однесам дома“ и слични изјави со кои се оправдуваат во раните утрински часови кога ќе се довлечкаат дома.

4. „Не гледам порно филмови“

Голем дел од мажите претпоставуваат дека на жените би им сметало тоа што гледаат порно филмови или можеби би им сметало да знаат во колкави размери го прават тоа. Исто така, многу од нив мислат дека жените се љубоморни на порно актерките кои ги возбудуваат нивните мажи. Сѐ на сѐ, поедноставно му е да ве убеди дека тој не гледа филмови за возрасни.

5. „Не знаев дека тоа ќе те налути“

Знаеше, секако дека знаеше, но однапред се подготвувал за вашиот излив на бес затоа што проценил дека она со што ќе ве налути е повредно од малку непријатност низ која треба да помине. Затоа натажено ќе каже дека не знаел дека тоа ќе ве налути и ќе глуми збунетост – како едноставно да не ни размислувал.

6. Бесконечен број лаги поврзани со мобилниот телефон

„Ми падна батеријата“, „Не видов дека си ме барала“, „Баш мислев да ти се јавам“, „Немав мрежа“ – ова сѐ се лаги кои ги користи за да се оправда зошто не се јавил. Причината за ова е што тој смета дека не мора секогаш да биде достапен, или не сака да се јави затоа што знае дека ќе го пречекате со карање и обвинување.

7. „Ти си најдобрата, најпаметната, најубавата жена што сум ја запознал“

Во овој тип лаги спаѓаат сите оние претерани комплименти со кои се служат за да импресионираат или освојат некоја девојка, а подоцна во односот – за да ѝ удоволат. Тоа не мора да значи дека не мислат дека нивната партнерка е убава, паметна или добра, туку тоа го прават во моменти кога мислат дека тоа се очекува од нив.

8. „Не го мислеше мајка ми тоа така“

Односот помеѓу вас и неговата мајка за мажите е т.н. „сива зона“ во која не сакаат да се мешаат, па голем дел од нив се спремни да ја излажат својата сакана дека погрешно сфатила нешто што звучело навредливо и непримерно. Тие зборови ќе ги оправда така што ќе ви објасни дека мајка му многу ве сака и дека никогаш не слушнал дека таа рекла нешто лошо за вас.

9. „Не ми е целта да те одведам во кревет“

Ако маж го употреби зборот „секс“ во кој било контекст – без разлика дали тврди дека „не ве вика само за да ве легне“, „не доаѓа заради секс“ или пак „не сака да се смирите само поради сексот“ – всушност сите овие лаги значат дека го сака токму тоа. Мажите го изговараат баш она што во тој момент им ги окупира мислите.

10. „Не си дебела. Задникот не ти изгледа голем.“

Иако жените го тврдат спротивното, тие всушност не сакаат да ја слушнат вистината за тоа дека фрлиле некој килограм плус и дека не изгледаат добро во она што го носат – според размислувањето на голем број мажи. Поради тоа, тие се спремни да излажат на прашањето „Дали изгледам дебела?“ затоа што знаат дека тоа ќе влијае на вашето расположение и самодоверба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар