10 јадења кои го потхрануваат мозокот

Во здраво тело – здрав дух. Ова е позната изрека која секој треба да ја сфати сериозно. Менталното и физичкото здравје се подеднакво важни, а здравата исхрана тука игра важна улога.

0-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mk_

За правилно функционирање на телото, на организмот и на мозокот им се потребни хранливи материи кои ќе ги одржуваат во форма така што тие би можеле целосно да си ги извршуваат своите функции. А бидејќи тие хранливи материи ги внесуваме преку храната и течностите, од непроценлива важност е да знаеме што влијае добро, а што лошо на нас.

Правилната исхрана и те како влијае на нашата мозочна активност, брзината на размислување и продуктивноста во завршување на работите. За правилно да функционира, на мозокот му е потребна енергија, па од витална важност е да знаеме како и преку што да му ја обезбедиме.

Интегрални житарици

Мозокот ги прима хранливите материи преку крвта која доаѓа во мозокот и тоа во облик на глукоза. Житариците со ниска вредност на гликемиски индекс, посебно оние кафеавите, се совршени за да ја завршат оваа задача одржувајќи го мозокот постојано буден.

(1)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mk

Масна риба

Телото не произведува есенцијални масни киселини, па тие можат единствено да се внесат во организмот преку исхраната. Најефективните омега 3 маснотии во најголеми количини ги има во масната риба, а се јавуваат како еикозапентаеноинска и докозахексаеноинска киселина. Иако истите можат да се најдат и во други состојки, во масната риба тие се во форма која мозокот може лесно и веднаш да ја искористи. Во масни риби спаѓаат лососот, пастрмката, скушата, харингата, сардините, сарделата и др.

(2)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mk

Боровинки

Според истражувања направени на Универзитетот Тафтс во Соединетите американски држави, боровинките се покажале како доста ефективни во борбата против краткотрајното губење на меморијата. Тие ја подобруваат и зајакнуваат мозочната активност, а со тоа ја подобруваат меморијата во мозокот.

(3)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mk

Домати

Доколку се прашувавте зошто баш доматите се толку препорачливи во секојдневната исхрана, тогаш одговорот е многу едноставен: содржат еден куп витамини кои се потребни за нашиот организам, а за мозокот најважен е ликопенот. Тој е моќен антиоксиданс од групата на каротеноидите, кој ги заштитува мозочните ќелии од оштетување кое се јавува во состојба на деменција.

(4)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mk

Витамини

Некои Б витамини, посебно Б6, Б9 (фолна киселина) и Б12, се познати по тоа што го намалуваат нивото на хомоцистин во крвта, а со тоа ја намалуваат веројатноста за мозочен удар или заболување од Алцхајмерова болест. Едно истражување спроведено на група постари луѓе, покажало дека после 2 години интервенција со овие витамини, мозочната активност им била значително подобрена во однос на користење на некои други третмани.

(5)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mk

Црна рибизла

Ризбизлата е богата со витамин Ц за кој долго време се смета дека ја подобрува работата на мозокот. А кога притоа може да уживате во вкусот на ова превкусно и многу здраво овошје, воопшто нема потреба да купувате вештачки витамини во вид на апчиња.

(6)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mk

Семки од тиква

Дневно доволни ви се една шака семки и ќе бидете како нови. Семките од тиква содржат големо количество на цинк кој е многу значаен за меморијата и размислувањето. Природно си е природно нели?

(7)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mk

Брокула

Брокулата е зеленчук богат со витаминот К кој значително влијае врз когнитивните функции на мозокот. Тоа подразбира дека размислувањето, чувствувањето, интуицијата и други мозочни функции, ќе бидат многу подобрени доколку овој витамин го внесувате во поголеми количини во вашиот организам.

(8)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mk

Жалфија

Во македонскиот јазик позната и како растение мудрец, жалфијата има важна функција во подобрување на меморијата. Уште од најстари времиња оваа билка ја користеле за лечење на секакви болести, па ни денес не е лошо да стане постојан дел од вашата исхрана. Помага за релаксација, нервоза, вртоглавица и друго.

(9)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mk

Лешници

Витаминот Е се покажал како многу значаен за подобрување и одржување на мозочните функции, посебно кај постарите. За ова е спроведено и истражување од Американското списание за епидемиологија според кое, задоволително количество од овој витамин може да спречи какви било мозочни пречки. Покрај зелените зеленчуци, маслинките, оризот и многу други, лешниците се посебно добар извор на овој витамин.

(10)-10-jadenja-koi-go-pothranuvaat-mozokot-kafepauza.mk

Добрата и правилна исхрана ни овозможува нормален тек на мозочната и физичката активност. Енергијата која ја добиваме преку хранливите материи е најважна за правилното функционирање на човечкото тело, како и за спречување на болести кои можат да го нападнат. Здравата исхрана и внесувањето на потребните витамини во нашето тело треба да ни биде приоритет, бидејќи здравјето доаѓа пред сè.