Зошто вашето куче е многу попаметно одошто мислите?

Кој човек не сака кучиња?! Тие се слатки, забавни и навистина ни ја возвраќаат љубовта за разлика од некои други домашни миленици. Освен тоа, постојат еден куп научни докази кои потврдуваат дека кучињата се многу паметни. Според неодамнешните истражувања, вашето куче можат да ви ги прочита мислите многу подобро одошто мислите.

Зошто вашето куче е многу попаметно одошто мислите?

Во истражувањето, некои луѓе криеле храна во садови, додека кучињата ги гледале, а други луѓе гледале на страна. 70% од времето, кучињата можеле да препознаат кои луѓе ја виделе храната пред да биде скриена и го искористиле тоа за да дојдат до неа пред другите. Доколку сѐ уште не сте уверени дека кучињата се неверојатно паметни, прочитајте ги следниве нивни карактеристики…

Вашето куче знае кога сте некултурни

Според едно истражување објавено во јануари, кучињата можат да препознаат кога луѓето се однесуваат лошо едни со други. Ако не сакате да бидете фини со луѓето од лични причини, направете го тоа затоа што вашето куче знае кога се однесувате како идиоти.

Вашето куче се обидува да ве измами за да го добие она што го сака

Кучињата не само што се паметни, туку се и по малку лукави. Едно истражување објавено во март открило дека кучињата не само што се прелажуваат едни со други за да го добијат она што го сакаат (на пример се преправаат дека виделе нешто надвор за другото куче да им го отстапи местото за спиење), туку ги прелажуваат и нивните сопственици за да добијат храна. Немојте да паѓате на тие слатки очиња, бидејќи вашето куче многу добро знае што прави.

Зошто вашето куче е многу попаметно одошто мислите?

Кучињата стануваат љубоморни

Вашето куче може да стане љубоморно, исто како и вие. Неодамнешните истражувања покажале дека кај кучињата постојат два пати поголеми шанси да се обидуваат да го привлечат вниманието на сопственикот кога ќе го видат дека си игра со куче играчка. Редовно покажувајте му љубов на вашето куче за да не биде љубоморно.

Вашето куче може да ги препознае човечките емоции

Едно истражување од 2016 година открило дека кучињата можат да ги препознаат емоциите кај луѓето со тоа што ги поврзуваат информациите добиени од различни сетила. Кучињата што учествувале во истражувањето требале да поврзат позитивни или негативни слики со позитивни или негативни звуци. Тие успеале да ги направат точните комбинации и ова многу важно, бидејќи претходно се верувало дека кучињата ги разбираат емоциите благодарените на вербалните и невербалните знаци. Уште поважно е тоа што пред ова истражување владеело мислењето дека смао луѓето можат да комбинираат информации од различни сетила за да ја протолкуваат емоцијата. Ова е голем доказ дека вашето куче е навистина многу паметно!

Вашето куче може да сочувствува со вас

За разлика од повеќето миленици кои се среќни дури и кога вие сте тажни, кучињата чувствуваат емпатија. Дали сте забележале дека понекогаш кога зевате и вашето куче зева? Тоа е така поради „емоционалната зараза“, односно емпатијата. Други истражувања откриле дека кучињата ги забележуваат емоциите на нивните сопственици кои имаат големо влијание на нивното однесување. Тие исто така чувствуваат кога сопствениците се лути и го прилагодуваат своето однесување според тоа. Тоа значи дека вашето куче поседува емоционална интелигенција.

Зошто вашето куче е многу попаметно одошто мислите?

Вашето куче разбира гестови, вербални и невербални знаци

Кучињата се како мали деца кога станува збор за толкување гестови. Ако покажете на некој предмет, кучето ќе го сфати вашиот гест и ќе го најде предметот што го посочувате. Но, тие толкуваат и посуптилни гестови. На пример, тие го следат погледот на луѓето за да најдат скриени предмети, а тоа е задача која им претставува проблем на голем број мајмуни. Освен тоа, некои научници сметаат дека кучињата им се поблиски на луѓето од мајмуните.

Вашето куче знае да брои

Кучињата можат да бројат до 4 или 5 и да препознаат математички грешки. Тие исто така можат да усвојат речник до околу 165 зборови, го паметот местото на предметите кои им значат, а можат и да управуваат со едноставни направи како што е бравата на пример.

Немојте никогаш повеќе ни за момент да помислите дека вашето куче е глупаво. Кучињата се неверојатно паметни, а тоа е само уште една од причините зошто ги сакаме толку многу.

Во продолжение прочитајте за овие 5 чудесни вештини што кучињата ги имаат, а луѓето не.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар