Зошто треба да закачите потковица над вашата влезна врата?

Многу народи наследуваат магиски ритуали од своите прадедовци и прабаби, и истото може да се забележи и меѓу жителите на Македонија. Магијата има илјадагодишна традиција, поради што лесно можеме да заклучиме дека никогаш нема да се искорени. Луѓето едноставно чувствуваат потреба да ѕирнат во минатото, за да најдат начини како да се заштитат од негативната енергија и злите духови, но и да привлечат среќа и изобилство, и за да си ги остварат желбите. Магијата не е нешто поразлично од насочување на енергијата која е невидлива за окото, а која може да влијае на судбината, а малкумина знаат како да го направат тоа.

Магични предмети

2-zoshto-treba-da-zakachete-potkovica-nad-vashata-vlezna-vrata-www.kafepauza.mk_

Во словенската магија постојат предмети без кои е скоро невозможно да се замисли некој ритуал. Тоа се првенствено оние работи кои некогаш се наоѓале во сечиј дома: вретено, огледало, чешел, пешкир… Тие исто така исцртувале одредени орнаменти кои содржеле моќни магиски формули по облеката и на некои предмети. Тие орнаменти се ставале во домовите, шталите, а подоцна и на зградите, каде што и ден денес може да се видат.

Потковица

4-zoshto-treba-da-zakachete-potkovica-nad-vashata-vlezna-vrata-www.kafepauza.mk_

Покрај моќното тркало, како магични заштитни средства се користеле и некои предмети од секојдневна употреба. Еден од нив е и потковицата, многу популарен симбол за среќа во целиот свет. Меѓутоа, Словените повеќе ја користеле како заштита од уроци, особено ако се наоѓала на необични места (наместо на коњските копита).

На пример, кога човекот со урочливи очи ќе види потковица над влезната врата или на некое друго место, тој тогаш ќе се изненади, па заради тоа изненадување ќе му се „раскрши“ негативната енергија и нема да може никому да му наштети.

Тркало

3-zoshto-treba-da-zakachete-potkovica-nad-vashata-vlezna-vrata-www.kafepauza.mk_

Еден од најпознатите симболи е тркалото. Индоевропските народи, помеѓу кои се и Словените, му придавале големо значење на овој предмет. Тркалото во словенскиот свет претставува свет симбол и е од големо значење за раните словенски култури. Тркалото симболизира бесконечност и циклична историја и вечна расправија на доброто и злото. Тркалото е симбол на сонце кое ни дава топлина и живот. И други народи го користеле тркалото за кои овој симбол бил свет, а помеѓу нив се Римјаните, Германците, Келтите, Индијанците, Иранците…

За жал, поради Втората светска војна и Германија, тркалото (кукастиот крст) станува симбол за нацистичките злодела. Меѓутоа, словенската верзија не потпаѓа под законска забрана, бидејќи претставува важен религиски симбол. Сепак, и покрај оваа „законска толеранција“, симболот најверојатно засекогаш ќе биде следен со злоделата на нацистичка Германија, па секој кој би го ставил околу вратот најверојатно ќе биде оптужен дека е неонацист, фашист и слично.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар