Зошто треба да трошите пари на искуства, а не на материјални нешта?

Зошто треба да трошите пари на искуства, а не на материјални нешта?

„Куќата е само местото каде што ги чувате вашите работи додека сте излезени за да купите уште повеќе работи.“ – Џорџ Калин

Овој цитат одлично го доловува нашиот ироничен животен стил. За да бидат среќни, повеќето луѓе работат и до 50 часа неделно. Парите што ги заработуваат ги трошат за скапи автомобили, луксузни домови и накит. Но дали се навистина среќни бидејќи имаат повеќе нешта? Според едно истражување кое траело 20 години, одговорот е НЕ.

Зошто треба да трошите пари на искуства, а не на материјални нешта?

Истражувањето водено од доктор Томас Гилович од Универзитетот Корнел покажало дека материјалните нешта не ги прават луѓето посреќни. Тоа го прават искуствата. Професорот по психологија изјавил дека проблемот со среќата е тоа што таа брзо исчезнува. Постојат 3 критични причини за ова.

1. Се навикнуваме на новите работи

Она што некогаш било ново и што морало да го имате, сега ви станува обично.

2. Секогаш ќе се споредуваме

Можете да живеете стотици километри од секаква цивилизација. Кога ќе се вратите назад и ќе ги видите сите нови и неверојатни работи кои се појавиле на пазарот, ќе почнете да споредувате. Токму оваа споредба ги тера луѓето да купуваат уште повеќе работи.

3. Постојано ги зголемуваме очекувањата

Големи се шансите сега да го живеете животот за кој сте сонувале кога сте биле помлади. Но штом имате удобност, можеби малку луксуз и слобода, почнувате да сакате повеќе. Како што купувате нови нешта, ви се формираат нови очекувања.

„Еден од најголемите непријатели на среќата е прилагодувањето. Купуваме нови нешта за да бидеме среќни и успеваме во тоа. Но само на одредено време. Новите нешта ни се возбудливи на почетокот, но потоа се прилагодуваме на нив“, изјавил Гилович.

Светот се менува многу брзо. Луѓето стануваат свесни за дека сè многу повеќе од нивното его или идентитетот. Покрај тоа луѓето со послободни размислувањата прашуваат „Зошто?“ кога ќе им кажат како да се однесуваат или мислат со цел да се вклопат во човештвото. Вистината е дека светот има премногу недостатоци. Со оддалечувањето од природата, човештвото само се уништува, а со него и планетата. Кога луѓето ќе ги научат едноставните животни лекции, како тоа дека искуствата, а не материјалните нешта носат среќа, Земјата без сомнение ќе стане многу поразлично место.

Погледнете ги и овие прекрасни работи кои се бесплатни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар